Разлика помеѓу преработките на „Ирски јазик“

Додадени 4 бајти ,  пред 6 години
с
Граматиката на ирскиот јазик се одликува со извесни особености кои се необични за индоевропските јазици. Меѓу нив можат да се издвојат мутациите на првичните согласки, [[збороред]]от [[прирок-подмет-предмет]] и употребата на два различни облика на глаголот „да се биде“.
 
Овие особености не се единствени во ирскиот. Се среќаваат кај другите келтски јазици, но и кај некои од други групи: морфосинтаксички предизвикани [[согласна мутација|мутации]] на првата согласка се среќаваат во [[фулански јазик|фуланскиот]] и [[шошонски јазик|шошонскиот]]; збороредот „прирок-подмет-предмет“ се среќава во [[класичен арапски јазик|класичниот арапски]] и [[библиски хебрејски јазик|библискиот хебрејски]]; [[португалски јазик|португалскиот]], [[шпански јазик|шпанскиот]], [[каталонски јазик|каталонскиот]] и [[галициски јазик|галицискиот]] ги користат двата облика на глаголот „да се биде“. Употребата на предлошки заменки се среќава во [[семитски јазици|семитските јазици]], но и во помалку познати европски јазици како [[венетски јазик (современ)|венетскивенетскиот]].
 
Состојбата е усложнета поради дијалектните разлики, препорачаниот стандард и упростувањето на граматиката и изговорот од страна на секојдневните говорници во градските средини.<ref name="irishtimes.com">{{наведени вести|url=http://www.irishtimes.com/newspaper/weekend/2010/0116/1224262447899.html|first=Brian|last=Ó Broin|title=Schism fears for Gaeilgeoirí|publisher=irishtimes.com}}</ref>