Микеланџело Буонароти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с поправк
Ред 57:
„Страшниот суд“ е фреска насликана на ѕидот над олтарот во Систинската Капела на барање на папата Клементе седми, кој починал набрзо по ангажирањето на Микеланџело. Папата Павле III бил оптимист дека Микеланџело успешно ќе го започне и ќе го заврши овој проект. Тој работел на фреската од 1534 година, до октомври 1541 година. Делото е масивно и се протега преку целиот ѕид позади олтарот во Систинската Палата. „Страшниот суд“ е приказ на второто доаѓање на спасителот Исус по апокалипсата, каде човековите души се издигнуваат, препуштајќи се и следејќи ја верата и чекајќи го судот на Исус, кој е опкружен со другите светци. Се претпоставува дека местоположбата на фигурата на Исус во ова дело, всушност е посветена на позицијата која ја има Исус во „Вознесението Христово“, дело на Мелоцо де Форли, кое најпрво се наоѓало во Црквата на Св. Апостоли, а денес се наоѓа во Квириналскиот Дворец.
 
Откако Микеланџело завршил со сликањето на голите тела на Исус и Дева Марија, многу од свештениците биле незадовлони и гледале на тоа како на богохулие[[богохулство]], дури кардиналот Карафи и епископот Сернини (кој бил амбасадор на Мантуа), побарале фреската да биде отстранета или цензурирана, на што папата се спротивставил. По смртта на Микеланџело, било одлучено гениталиите од фреската да бидат покриени (“Pictura in Cappella Ap. Ca coopriantu”). За таа цел, бил ангажиран Даниел де Волтера, кој му бил ученик на Микеланџело. Негова задача била да наслика појаси околу бедрата, оставајќи ги останатите делови на телото недопрени, онакви какви што Микеланџело ги насликал. По реставрацијата на делото, во 1993 година, многу од конзерваторите одлучиле да ги задржат појасите насликани од Даниел, оставајќи дел од нив како историски доказ, бидејќи многу од делата на Микеалнџело биле оштетени и изгребани од други уметници кои восхитувајќи се на ремек делата, сакале само да ги допрат. Веродостојна нецензурирана копија на оригиналот, насликана од Марсело Венусти, се наоѓа во националнито музеј на Капо ди Монте во Неапол.
 
Често се случувало делата на Микеланџело да бидат цензурирани. Бил опишуван како „творец на вулгарното“, што на на италијански оригинален превод би значело „свинска работа“. Озлогласената кампања на Католичката обнова наречена „лист од смоква“, чија цел било да ги прерпави сите уметнички дела и скулптури на кои биле видливи човечки гениталии, започнала со познатите дела на Микеланџело. Мермерната статуа на „Исус Спасителот“ (која се наоѓа во црквата „Св. Марија сопра Минерва“, во Рим), била прекриена со завеса и тој изглед го задржала до ден денес. Исто така и статуата на голиот Исус претставен како дете во рацете на „Богородица од Бриж“ (која се наоѓа во „Црквата на нашата светица“ во Бриж, Белгија), била прекриена со векови. На копија на статуата на Давид, направена од гипс, која се наоѓа во Архитектонскиот двор во музејот на Викторија и Алберт, во Лондон, била поставена кутија во која стоел лист од смоква за „хитни случаеви“. Имено, доколку во дворот влезе некој од женскиот дел на кралското семејство, за да не се чувствува непријатно, листот од смоква веднаш се поставувал на статуата.