Разлика помеѓу преработките на „Ирски јазик“

Одземени 14 бајти ,  пред 6 години
с
 
==Историја==
Први писмени наоди од ирскиот јазик среќаваме на [[огам]]ски написи од [[IV век]]; јазикот во оваа фаза се нарекува [[примитивен ирски јазик|примитивен ирски]]. Ваквите записи се среќаваат ширум Ирска и западното крајбрежје на Велика Британија. Во [[V век]] примитинвниот ирски се развил во [[староирски јазик|староирски]]. Веќе во [[VI век]] староирскиот се пишува на [[латиница]] и присвоил доста [[латински јазик|латински]] зборови, особено во црковниот живот. Такви примери се: ''easpag'' (епископ) од {{smallcaps|episcopus}} и ''Domhnach'' (недела, од {{smallcaps|dominica}}). Кон [[X век]], староирскиот прешол во [[средноирски јазик|средноирски]], кој се говорел во Ирска, [[Шкотска]] и на островот [[Ман (остров)|Ман]]. Оваа фаза на јазикот има дадено голем книжевен фонд, со дела како [[Алстерски циклус|Алстерскиот циклус]]. Во [[XII век]] почнал развојот на ирскиот во Ирска, [[шкотски гелски јазик|шкотски гелски]] во Шкотска и [[мански јазик|мански]] на Ман. Средноирскиот од XIII век претставува основа за книжевниот јазик во Ирска и гелските краишта во Шкотска. Ирскиот во денешната потесна денешна смисла на зборот почнува некаде од XVII век и е познат како класичен ирски.
 
Почнувајќи од [[XVIII век]], јазикот почнал да слабее во источните делови од земјата, особено поради напорите на британските власти да се отстрани од образованието, правосудството и управата, наметнувајќи двојазичност и јазична асимилација.<ref>{{наведена книга|title=The great silence |last=De Fréine |first=Seán |year=1978 |publisher=Mercier Press |isbn=0-85342-516-7 |id=ISBN 9780853425168 }}</ref>. Кон средината на XVIII век, англискиот веќе навлегол како матичен јазик на католичката средна класа, црквата и интелигенцијата, но и големо значење за сите што доаѓале во градовите.<ref name="Ó Gráda">Ó Gráda 2013.</ref> Конечниот катастрофален пад на јазикот се случил со [[Голем глад (Ирска)|Големиот глад]] (1845–1849).