Отвори го главното мени

Промени

Додадени 5 бајти ,  пред 5 години
с
нема опис на уредувањето
Во [[1232]] година папата ги испратил инквизиторите во [[Франција]] под изговор дека тамошните епископи имаале премногу други обврски и затоа не можеле во целост да се посветат на борбата со еретиците. Окосница на инквизицијата отсекогаш биле [[Доминиканци]]те поради наводниот факт што добро знаеле како да ги убедуваат отпадниците од црквата. Иследувањето на еретиците, и воопшто осомничените, го помагала и државната власт. На почетокот, инквизицијата не била организирана по територијален принцип, туку делувала по потреба. Покасно ова судство било организирано по региони. [[Папа Инокентиј IV|Инокентиј IV]] на [[15 мај]] [[1252]] издал [[папска була]] под наслов “[[Ad exstirpanda]]” која експлицитно дозволувала мачење при изнудување на признание од наводните еретици во текот на инквизицијата, и експлицитно простувала пракса на убивање на повредени еретици, со палење на [[клада]]. Булата отстапувала дел од имотот на државата конфискуван од осудениците.
 
Многу напредни умови биле жртви на инквизицијата, како на пример [[Јан Хус]], [[Џордано Бруно]] и други. Укината е во текот на 19XIX век.
 
== Начин на испитување==
 
Папата [[Папа Никола IX|Никола IX]] во 1278 година им дал задача на доминиканците да го зацврстат римокатолицизмот. Доминиканците со [[мисионерство]] создале силно движење против арапите и евреите, така што многу од нив биле принудени да го примат католицизмот. Таквите се нарекувале марани или новохристијани. Тие, меѓутоа, биле христијани само по име, а за самото [[христијанство]] претставувале голема опасност, затоа што особено во повисоките слоеви на народот ширеле [[ерес]].
Со доаѓањето на [[Фернандо II Арагонски]] и [[Изабела I Кастилјска]] во [[Шпанија]] триумфирал римокатолицизмот, а еретиците биле прогонети. Така кон крајот на [[15XV век]] во [[Шпанија]] дејствувала најдобро организираната инквизиција. На чело на инквизицијата биле личности кои со одобрение на кралот ги поставувал папата. Прв генерал на инквизицијата бил Торкемада. Инквизицијата дејствувала против новохристијаните, против јудејските ереси. Околу 170.000 евреи биле протерани во 1492 година, а голем дел од муслиманското население го примиле христијанството.
 
Тие како христијани биле познати под името мориски. Во [[1609]] година околу 600.000 мориски биле протерани од [[Шпанија]], додека јудејската ерес се сметала дека е уништена кон крајот на [[16XVI век]]. Освен евреите и муслиманите, биле прогонувани и протестантинте, франко-масоните, астролозите. Била спроведувана строга цензура на книгите, школите, политиката. Кон крајот на [[18XVIII век]] инквизицијата била политички ангажирана во спречување на навлегувањето на либералните идеи од [[Франција]].
 
[[Наполеон Бонапарт]] ја укинал инквизицијата во [[1808]] година, но повторно истата била обновена во [[1814]] година. Инквизицијата повторно била на удар во [[1820]] година. Конечно, во [[1834]] година, на интервенција на папата, инквизицијата била изгасната. Според некои статистики, последиците од инквизицијата предизвикале запалување на 34.628 лица, протерување на 18.049, а на други начини биле казнети околу 308.214 луѓе.