Инквизиција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 15:
[[Податотека:Torture Inquisition.jpg|thumb|right|350px|Испитување на осуденик во време на шпанската инквизиција]]
Инквизицијата делувала брзо, и се потчинувала световната власт, а во самиот процес немало адвокатски расправи и образложенија. Пресудата обично била читана јавно на градскиот плоштад. На изрекувањето на пресудата задолжително и претходела проповед. Во присуство на илјадници луге, осудениот се појавувал облечен во посебно одело. Смртната пресуда обично била извршувана следниот ден. Всушност улогата на иквизицијата била во тоа што само прогласувала дека црквата не ги штити еретиците и дека ги предава во рацете на државните закони. На еретиците им бил одземан сиот имот и тоа во корист на државата, или црквата или пак самата инквизиција.
Следува цитат од папата [[PапаПапа Никола II|Никола II]] за инквизицијата од 1280 година:
 
{{cquote|Ние на овој начин им соопштуваме на сите еретици- катари, патарени, сиромашни луѓе на Лион… и сите други, па како и да се викаат. Кога Црквата ке ги осуди, тие ке бидат предадени на световниот судија да бидат казнети… ако било кој од нив, одкако ке го уапсат, се покае и посака да се покори, ке добие доживотна робија. Сите кои ги бранат или им помагаат на еретиците ќе бидат обележани. Ако било кој остане обележан година и еден ден, ќе биде прогонот… ако тие кои се осомничени за ерес не можат да ја докажат невиноста, пак ке бидат обележани. Ако останат обележани година дена ке бидат осудени како еретици. Тие немаат право на апелација… Секој кој ке им одобри христијански погреб ке биде обележан се додека не изврши пропишана надокнада. Тој не може да биде ослободен од вина с додека со свои раце не ги ископа нивните тела и ги фрли… Им забрануваме на сите световни лица да расправаат за работи од католичката вера, а ако било кој го стори тоа, ќе биде обележан. Секој кој познава еретици, или оние кои одржуваат тајни состаноци, или оние кои во секој поглед несодејствуват со правоверието, мораат со тоа да го запознаат исповедникот, или некој друг кој за тоа ќе го извести бискупот или инквизиторот. Ако тој не постапи така, ќе биде обележан. Еретиците и сите кои ги примаат, подржуваат или им помагаат, како и сите нивни деца до второ колено, нема да бидат примани во црковна служба… На овој начин, сега сите такви засекогаш ги лишуваме од нивните црковен статус.}}