Источна Румелија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 43:
'''Источна Румелија''' била автономна област со центар во [[Пловдив]], создадена со [[Берлински договор|Берлинскиот договор]] во [[1878]] година. Најголемиот дел од жителите на Источна Румелиjа беа [[Бугари]], поради што на два пати тие се обиделе да се соединат со Кнежеството Бугариjа - во [[1881]] г. и во [[1885]] г.
 
Според Берлинскиот договор териториите меѓу Стара Планина и Родопите без Софискиот санџак требало да формираат посебна област наречена Источна Румелија која била оставена под директната власт на султанот под услови на административна автономија. На чело на областа бил назначен христијански управител од Високата порта во согласност на Големите сили за период од 5 години. Султанот имал право да ги брани границите на областа, дагради тврдини и слично. За одржување на внатрешниот ред била основана локална полиција со офицери, назначувани од султанот. Со септемврискиот револт во Пловдив во 1885 г. и со манифестот на бугарскиот кнез Александар I Батенберг според кој се прогласил за кнез на Бугарија и Источна Румелија, била извршено соединување на Источна Румелија со Кнежество Бугарија. Ова обединување на Источна Румелија со кнежеството Бугарија било непријателски дочекано од страна на балканските држави, кои во тоа гледале опасност за балканската политичка рамнотежа, бидејќи со овој чин Бугарија станала скоро двојно поголема држава. Соединувањето посебно ја вознемирило српската влада и кралот Милан, кој изјавил дека ова нарушување на политичка рамнотежа на Балканот, посебно е на штета на Србија и дека Србија со сите сили треба да застане во одбрана на таа рамнотежа. Исто така, грчката влада побарала во замена за проширувањето на Бугарија, како компезација да биде отстапен дел од Македонија, над кој Грција претендирала. Во Грција била извршена мобилизација и грчката влада се заканувала дека ако западните сили и Русија го признаат обединувањето, Грција ќе навлезе со војска во Македонија на територијата на Труција, бидејќи немала заедничка граница со Бугарија за од неа да побара компезација. Романија од своја страна планирала да ја искористи оваа сложена ситуација за Бугарија, за да се присвои Јужна Добруџа. Меѓутоа, романските планови не наишле на одобрување од страна на Австро-Унгарија и Германија., а Русија пак од своја страна натрупувала војска на границата со Романија во случај на заострување на кризата. Поради сето тоа Романија изјавила дека ќе остане неутрална во однос на обединувањето на Румелија со кнежеството. Поради сложеноста на ситуацијата на Балканот, големите сили на 24 октомври 1885 г. свикале конференција во Цариград. Српскиот крал и претседателот на владата Гарашанин се надевале дека на оваа конференција ќе го поништи бугарското обединување и ќе ја врати ситуацијата на status quo ante. Откако конференцијата не донела никакво решение и пропаднал дипломатскиот притисок над Бугарија, Србија решила да премине кон воената опција, а за вооружување и снабдување Србија добила паричен заем од Австро-Унгарија. Во Српско-бугарската војна Бугарија излегла како победник.
По обидот од [[1885]] година таа беше присоединета кон [[Бугарија|Кнежество Бугарија]], поради што [[Србија]] ја нападна младата бугарска држава, но ја загуби [[Српско-бугарска војна|војната]]. Од Источна Румелиjа [[Османлиска империја|Османлиската империjа]] го задржа само градот [[Крџали]] и неговата околина, во која тогаш живеат исклучиво [[Турци]] и која влегува во составот на Бугариjа во [[1912]] г.
 
== Литература ==