Санстефански договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 50:
 
Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор [[Отоманската империја]] ги прифатила барањата на Русија но се надевала дека барем делумно ќе влијае на новата бугарска држава. [[Велика Британија]] и [[Австро-Унгарија]] се спротиставиле на договорот изјавувајќи дека Русија т.н. [[Источно прашање]] го заклучила единствено во нејзина корист без да расправа за тоа со западните сили. Заедно со Велика Британија, [[Италија]] и [[Франција]] исто така се изјасниле против излегувањето на Бугарија на Белото Море, под изговор дека ќе биде користено од Русија за свое идно влијание на [[Медитеран]]от. Велика Британија започнала да се подготвува за војна. Австро-Унгарија била незадоволна бидејќи кон новата бугарска држава била вклучена [[Македонија]]. [[Германија]] индиректно ја подржала [[Русија]]. Оваа криза довела да Русија започне да размислува за идните можни конфликти против [[Велика Британија]] и [[Австро-Унгарија]]. Руската армија била изморена од војната и неспособна.
 
На крајот на март 1878 година од Русија во Австро-Унгарија бил испратен грофот Игнатиев кој требал да постигне разбирање за спорните прашања. Започнале преговори околу средна и западна Македонија кои влегувале во Бугарија, а Австро-Унгарија овие територии ги посакувала за свои цели и излез на Егејско Море а како компензација Србија би се проширила кон источните делови. Така преговорите немале успех, а од Берлин пристигнала телеграма во која Германија се понудила како посредник меѓу британската и руската страна, со цел да се избегне голема војна. На 27 април 1878 година руската влада донела одлука за исполнување на барањата на Австро-Унгарија во врска со Бугарија, со цел да избегне конфликт. Според договорот со британската страна, Бугарија била поделена на два дела. Јужниот дел го добил името Источна Румелија. Србија и Грција исто така не биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство подоцна довело до одржување на Берлинскиот конгрес 1878 година. Романија, која дала голем придонес на страната на победниците во војната, била крајно разичарана од договорот. Јавноста во Романија гледала на договрот како предавство од страна на Русија, која го прекршила Руско-Романскиот договор пред започнувањето а војната, со кој се гарантирал интегритетот на романската територија.
 
<gallery><center>