Санстефански договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
 
По крајот на [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]] во [[Едрене]] било потпишано примирје. Уште во почетокот на Руско-турската војна ситуацијата во [[Европа]] била загрижувачка. И покрај противењето на опозицијата на чело со [[Вилијам Гладстон]] во мај [[1877]] година, Владата на [[Велика Британија]] донела одлука да се вклучи во војната на страната на Отоманската империја во случај [[Русија]] да го нападне [[Истанбул]] и да навлезе на територијата на [[Египет]] или да ги окупира [[Дарданели]]те или [[Персиски залив|Персискиот залив]]. Руската влада брзо ја уверила на Англија дека Египет и Персискиот залив не се во нејзините планови.
 
Бидејќи стравувала од сојуз на Русија со [[Германија]] и [[Австро-Унгарија]], британската влада сакала да ја привлече [[Австро-Унгарија]] на своја страна. Во мај [[1877]] година британскиот премиер испратил таен меморандум до австро-унгарската влада која одговорила дека нема да биде согласила на една долготрајна руска заштита над [[Бугарија]]. Отворените антируски искази во Англија и несогласувањето на Хабсбуршката монархија со руските планови довело до тоа да Високата Порта побара дипломатска помош. [[Виена]] сепак ја отфрлила османлиската молба за помош бидејќи не барала начин да ја спаси империјата туку да се прошири кон Балканскиот полуостров. Поради тоа Австро-Унгарија сакала мировниот договор по војната да биде потпишан од сите Големи сили, зад кој договор застанала и [[Велика Британија]].
 
== Последици од договорот ==