Пел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
|Name = Пел
|Wappen = Wappen-Insel-Poel.png
|Wappengrößeimage_photo = 90Hafen von Kirchdorf.jpg
|image_caption = Пристаништето во Кирхдорф
|lat_deg = 54 | lat_min = 00 | lat_sec=
|lon_deg = 11 | lon_min = 26 | lon_sec=
Ред 25 ⟶ 26:
}}
 
'''Пел''' ({{lang-de|Poel}}) — остров во [[Балтичко Море|Балтичкото Море]]. Ги поставува природните северни и источни граници на [[ВизмарскиВисмарски Залив|ВизмарскиотВисмарскиот Залив]] на германскиот брег. Северниот брег на островот е исто така на јужната страна на големиот залив, познат како [[Мекленбуршки Залив]].
 
Административно, островот претставува општина во округот [[Северозападен Мекленбург]], во сојузната покраина [[Мекленбург-Западна Померанија]], [[Германија]]. Се состои од Кирхдорф и Ерценхоф (поголеми населби) и помалите села Тимендорф, Вангерн, Хинтервангерн, Вајтендорф, Вајтендорф-Хоф, Бранденхузен, Нојхоф, Зедорф, Ниндорф, Шварцер Буш, Калтенхоф, Фердорф, Малхов, Форверк и Голвиц. Со пријатниот воздух, чистата вода, песочните плажи и неговите пристаништа, островот е омилено туристичко одредиште.
 
Името на островот потекнува од ''поле'', словенски збор за „рамна земја“.
 
== Историја ==
 
[[Податотека:Leuchtturm Timmendorf 1.jpg|мини|лево|Светилникот во Тимендорф, знаменитост на островот Пел]]
 
Првите жители на Пел биле [[Словени]]те, односно западномекленбуршкото племе на [[Ободрити]]те. Словенскиот владетел и гроф на Мекленбург Хенрих Борвин I донел германски доселеници од покраините Дитмаршен и Холштајн на островот во почетокот на {{римски|13}} век. Започнале со изградба на црква на Пел околу 1210. Црквата била довршена околу 1350 година. Кулата (најстариот дел на градбата) е во [[Романескна архитектура|романескнен]] стил и со нејзините 47 метри е видлива од скоро сите точки на островот. Наосот на црквата бил првично романескнен, меѓутоа бил проширен околу 1300 година и променет во [[Готска архитектура|готски]] стил. Црквата, која сè уште е најголемата знаменитост на островот, содржи две крила и олтари од {{римски|15}} век, распетие од околу 1450, ретки дански гробни камења од {{римски|13}} век и модел на брод од 1936. Од околу 1535 година претставува лутеранска црква.<ref>Schlie, Friedrich: "Kunst- und Geschichts-Denkmäler des Grossherzogthums Mecklenburg-Scherwin" Vol. II, 1898, pp. 222ff.; Die Chronik der ev.-luth. Kirchgemeinde Poel 1899ff.</ref> Покрај неделните богослужби, во црквата се одржуваат и концерти на класична музика, особено преку летото.
 
Во 1614 година, војводата на Мекленбург Адолф Фридрих I започнал изградба на тврдина на островот во близина на црквата, поради стратешки добрата положба на островот. Во 1618 година била завршена. Во јуни 1620 година, Густав Адолф II од Шведска го посетил неговиот братучед војводата Јохан Албрехт II тука, а во септември истата година неговата идна сопруга, принцезата Марија Елеонора од Бранденбург, го посетила островот и престојувала во замокот на нејзиното патување до Стокхолм. Во текот на [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]], војводата морал да го предаде замокот на непријателските царски трупи во 1628 година. Генералот Валенштајн владеел со Мекленбург неколку години.
 
Во 1631 година, Густав Адолф им помогнал на војводите на Мекленбург да ја повратат нивната моќ, а Јохан Албрехт II се вратил на Пел, наоѓајќи го замокот во запуштена состојба. Кога Мекленбург потпишал мир со императорот Фердинанд II во 1635 година, Швеѓаните ја нападнале земјата и го презеле замокот на Пел. Императорските трупи се вратиле во 1638 година, бркајќи ги Швеѓаните и палејќи неколку села.
 
По Вестфалскиот мир во 1648 година, две третини на Пел, заедно со [[Висмар]] и општината [[Нојклостер]] биле доделени на шведскиот крал. Западната третина на островот останала посед на болницата Св. Дух во [[Либек]], кои го поседувале овој дел со векови. Швеѓаните го поседувале замокот на Пел, но немале некој интерес за тоа, па затоа ги инвестирале своите пари и напори кон [[Висмар]], да го направат главно воено средиште на [[Балтичко Море|Балтичкото Море]]. Замокот брзо пропаднал и до 1740 година останале само руини.
 
Во {{римски|19}} век, на жителите на Пел им биле дозволено да ги користат тулите од замокот за своите домови и штали, па така градбите биле целосно уништени. Денес, единствено може да се види источниот насип и поголемиот дел од шанците кои биле изградени помеѓу 1614 и 1618 за одбранбени цели. Основата на замокот била во петокрака ѕвезда, а црквата била обиколена со сличен одбранбен ѕид во облика на ѕвезда. Во ноември 1802 година, мекленбуршката династија под водство на војводата Фридрих Франц I дошол во посед на имотот на болницата во Либек. Шведскиот дел на островот бил отстапен на 99 години од војводата во 1803 година. Официјално останал во шведски посед до 1903 година, кога целосно бил вратен на Мекленбург.<ref>Dr. Schröder-Lembke, Gertrud & Saegebarth, Joachim: "Insel Poel", Raum & Koch Wismar 2007, pp.82ff. (Schröder-Lembke) & pp. 197ff. (Saegebarth)</ref>
 
Од {{римски|17}} век, Пел бил поврзан со копното со брани и мостови. Од 1927 година, островот бил поврзан со копното со насип.
 
Во 2003 година бил склучен договор за збратимување со општината [[Хамаре]], остров во езерото [[Венерн]] во Шведска.
 
Соседниот остров [[Валфиш]] исто така бил утврден.
 
== Наводи ==
Ред 32 ⟶ 57:
== Надворешни врски ==
{{Ризница-врска|Poel}}
* [http://www.insel-poel.de/ Официјална страница] {{de}}
 
{{Градови во Северозападен Мекленбург (округ)}}
{{Острови во Балтичкото Море}}
{{Германски острови во Балтичкото Море}}
Ред 40 ⟶ 66:
[[Категорија:Географија на Мекленбург]]
[[Категорија:Острови во Балтичкото Море]]
[[Категорија:Северозападен Мекленбург]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пел