Тајане: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Commons Category
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
:''Оваа статија се однесува на македонскиот народен обичај. За празникот поврзан со Раѓањето на Свети Јован Крстител видете [[Иванден]]''
[[Податотека:John baptist macedonia.jpeg|thumb|250px|[[Јован Крстител]]. Икона од [[Марковиот Манастир]], денес се чува во [[Музејот на Македонија]]]]
'''Тајане''' (''Ивъндън'') претставува македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓање на Свети [[Јован Крстител]] – [[Иванден]] (7 јули /24 јуни)<ref>''Лепа Спировска, Кон проучувањето на обичајот Тајане во некои места на Македонија, „Македонски фолклор“, VI, 12, Скопје, 1973;''</ref>. Најдолго се задржал во [[Прилепско]], [[Битолско]] и [[Крушевско]]. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.
 
==Иванден==
Ред 57:
Во [[Дебарца]], вечерта спроти Иванден се бере [[папрат]], а тоа е поврзано со верувањето во апотропејската моќ на ова растение. Помал дел од папратот се откорнува од корен другиот се сече над земјата. Овој папрат се става во постелата и на него се спие за здравје, што значи тој ќе ја чува постелата (со луѓето што спијат на неа) од разни болести и други несреќи. Утрото на Иванден, рано пред [[изгрејсонце]], од папратот откорнат заедно со коренот се плетат венци што се стават во бавчите. Тоа се мали венчиња со пречник од околу дваесетина сантиметри што на четорошни (разгранети) стапчиња се стават на [[пипер]]от, [[праз]]от, [[компир]]ите и другите градинарски култури. Овој папрат треба да ја чува бавчата од разни непогоди како и други несреќи. Чува да нема погано и да не ги јадат растенијата гриж (бубачки) за, како што се вели ''„Да го јадат папратот, да не го јадат пиперот“.'' Папратот на овој ден се користи и за прогнозирање здравјето и напредокот на семејството. Навечер во стреата на куќата се заденува папрат, за секој човек во семејството по еден корен. Следното утро се гледа: чиј папрат е повенат, тој не ќе има напредок во годината што следува, се вели: не е на арно.
Истотака вечерта спроти Иванден или на самиот ден рано наутро жените берат растение што расте на ридските места и што се вика Иванден. Тоа растение набрано по овој повод се става во ковчегот со алиштата и тука се чува во текот на целата година со цел да ги заштитува од молци. Утрото на Иванден целата руба се распростира на чардаците на сонце и така се остава да стои цело претпладне. Освен верувањето дека тие алишта ќе бидат заштитени од молците овој обичај е добра можност да се покаже која девојка или невеста има повеќе руба. Обичајот добил и натпреварувачки карактер зашто по рубата се гледало не само богатството туку и работливоста на девојките, а тоа било решавачко при изборот на младите (бендисувањето) некаде задржано до неодамна.
 
;Малешевија
За житото на нивата добро да роди, спроти Јановден ноќе, гола жена (или само по кошула) јава на вратило и оди во туѓа пченица, и на повеќе места ја жнее. Се смета дека таа тогаш го зема доброто жито од туѓата нива и го пренесува во својата.
 
== Наводи ==
{{commonscat|St John's Eve}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тајане