Долмабахче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q274141 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 35:
Должината на дворецот е 600 м, плоштината е 45 000 м2, со вкупно 285 стаи, 6 хамами и 68 бањи. Самата фасада на Долбабахче ја покажува класична европска зграда со две страни. Сепак, внатрешноста на зградата е со типичен отомански стил. Дизајнот на палатата е по западен образ и вклучува елементи од барок, рококо и неокласицизам, преплетени со традиционалното отоманско искуство и култура.
 
Едно од најзабележителните работи во палатата се техничките услуги кои биле воведени во времето, преку гасоводното осветлување, тоалети со вода, централно затоплување и лифт. Таваните се украсени со злато. Биле искористени 14 тони злато и 40 тони сребро. При изградбата стаклото како материјал нема голема намена, туку бил користен кристалот. Во централната сала се наоѓа најголемиот лустер во светот, со 750 сијалици[[електрична светилка|светилки]], кој бил подарок од страна на британската кралица [[Викторија]].
 
Долмабахче е најголемиот дворец во Труција по плоштина. Неговите градби зафаќаат место од 15 000 м2. Се состои од 285 соби, 44 сали, 68 тоалетни и 6 хамами. Местото каде се наоѓа дворецот било залив на Босфорот, и често била користена како градина за прошетка на султаните. Од овде доаѓа и името на палатата, ''dolma'' "затворена, полна", a ''bahce'' - "градина".