Комерцијална банка - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 43:
* Продажба на удели во [[инвестициски фондови]].
 
Комерцијална банка е една од двете најголеми банки во [[Македонија]], при што, според одредени показатели, таа е најголемата банка, додека според други, таа го зазема второто место. Така, со состојба на [[31 декември]] [[2010]] година, Комерцијална банка отпаѓале 23,2% од вкупната актива на банкарскиот сектор на Македонија, додека нејзиното учество во вкупниот [[капитал]] и резервите било 24,8%. Истовремено, нејзиното учество во вкупните [[депозити]] на [[Банкарски систем на Македонија|банкарскиот сектор]] изнесувало 28,1% и 23,9% во вкупните кредити. Понатаму, големината на банката може да се потврди и преку тоа што таа има издадено 20% од вкупните [[дебитни картички]] и 18,5% од вкупните [[кредитни картички]] во Македонија. Со посредство на [[банка]]та се извршувале 23% од вкупната вредност на платниот промет во Македонија, а 21,3% од сметките на сите правни лица биле отворени кај оваа банка. Најпосле, Комерцијална банка извршила дури 23,1% од сите трансакции на [[Македонска берза|Македонската берза]].
 
== Раководење со ризиците ==
=== Раководење со каматниот ризик ===
Мерењето/оценката и следењето на [[Ризик|ризикот]] на каматни стапки во Комерцијална банка се врши на континуирана основа согласно [[Закон|законската]] регулатива и интерните акти на банката. Во таа насока, се користат следните техники:<ref>[http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResource.ashx?id=dfa2bfb6-6fd1-4470-aad0-7058a6685865.pdf Комерцијална банка АД Скопје]</ref>
* квантифицирање на каматоносната актива и пасива,
* определување на [[Каматна стапка|каматните стапки]] (екстерно или интерно),
* определување на инструментите со фиксни, варијабилни каматни стапки и прилагодливи каматни стапки по одлука на органите на управување,
* ефектите врз [[Биланс на успех|билансот на успех]] од спроведувањето на Одлуката за висината на каматните стапки,
* остварена просечна пондерирана активна и каматна стапка и нето каматна маржа,
* симулациони модели,
* квантифицирање на [[Каматен ризик|каматниот ризик]] на ниво на одделни делови од [[Биланс на состојба|билансот]] на банката
* и останати техники за согледување на нивото на ризик на каматни стапки.
 
За мерење и следење на ризикот на каматни стапки, банката ја утврдува промената на економската вредност на портфолиото на банкарски активности како резултат на изложеноста на ризикот од промена на каматните стапки, со примена на стандардниот каматен шок, согласно барањата на регулативата. Исто така, банката врши редовно стрес-тестирање на влијанието на големите промени (шокови) во каматните стапки врз добивката и сопствените средства на банката. Стрес тестирањето (стрес-сценаријата) се темелат врз реално најлошите сценарија и ги опфаќаат сите материјални извори на ризик од промената на каматните стапки. Одборот за управување со ризиците ќе ги зема предвид резултатите од извршените стрес-тестирања при ревидирањето на политиките и на утврдените лимити на ризикот на каматни стапки.
Контролата на изложеноста на ризикот на каматни стапки се врши на континуирана основа.<ref>[http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResource.ashx?id=dfa2bfb6-6fd1-4470-aad0-7058a6685865.pdf Комерцијална банка АД Скопје]</ref>
 
== Aкционерска структура и управување со банката ==