Разлика помеѓу преработките на „Народна банка на Македонија“

нема опис на уредувањето
}}
 
'''Банка на Република Македонија''' ('''БРМ'''), порано позната како '''Народна банка на Република Македонија''' ('''НБРМ''') — [[централна банка]] и емисиона [[банка]] на [[Македонија]]<ref>''Кики Мангова - Поњавиќ, Ванчо Каргов, ''60 години централно банкарство во Република Македонија'', Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006.''</ref>. Основана е на [[19 октомври]] [[1946]] г. со спојување на [[Македонска стопанска банка]] со Народна банка - филијала [[Скопје]]. Прв главен директор на банката бил д-р [[Тодор Мировски]]. Од почетокот на [[1947]] г. го носела називот НБ ФНРЈ - Централа за Народна Република Македонија со [[Александар Богоев]] како главен директор. Меѓу [[1947]] и [[1953]] г., НБ ФНРЈ - Централа за НРМ била единствена банка во Македонија и истовремено работела како емисиона и деловна банка, т.е. извршувала централно банкарски работи, работи за републичкиот [[буџет]], како и универзални банкарски работи. Во периодот [[1954]]-[[1965]] г., таа постепено ги напуштила универзалните банкарски работи и се насочила кон централнобанкарските активности и регулирањето и контролата на банкарскиот систем. Исто така, во овој период, биле укинати нејзините филијали, а банката го променила називот во Народна банка на [[Југославија]] - Централа во Скопје. Во текот на [[1965]]-[[1971]] г., централата на НБЈ во Скопје немала никаква улога во водењето на монетарно-кредитната политика, туку вршела само работи кои имаат извршен и оперативен карактер. Во декември [[1971]] г. бил донесен првиот Закон за Народна банка на Македонија, со кој таа била дефинирана како [[устав]]на категорија, а за прв гувернер бил именуван [[Стојан Ќосев]]. Сепак, Народна банка на Македонија и понатаму била во многу подредена положба во однос нa [[Народната банка на Југославија]] и имала многу ограничена улога во формулирањето и водењето на [[монетарната политика]].
 
==НБРМБРМ по осамостојувањето на Македонија==
[[Податотека:National bank of Macedonia.jpg|мини|десно|250п|Зградата на Народната банка на РМ]]
[[Уставот на Република Македонија]] од [[1991]] година ја определи НБРМ како емисиона банка, самостојна и одговорна за стабилноста на домашната [[валута]], водењето на монетарната политика и општата [[ликвидност]] за плаќањето во земјата и странство. На [[26 април]] [[1992]] г., Собранието го донесе Законот за Народна банка на Република Македонија како прв законски акт со кој се уредува работењето на централната банка по осамостојувањето на Македонија. Во овој период, функцијата гувернер ја извршуваше м-р [[Борко Станоевски]], кој поднесе оставка во [[1997]] год. поради големиот [[Афера ТАТ|финансиски скандал со штедилницата ТАТ]]. На местото гувернер, него го наследи д-р [[Љубе Трпески]], кој оваа функција ја извршуваше до [[2004]] год. Финкцијата гувернер во периодот 2004 - 2011 га извршуваше м-р Петар Гошев, а од мај 2011 ја извршува [[Димитар Богов]].