Зборник на Миладиновци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 69:
''Предговорот'' кон Зборникот на народни песни е приредувачки и толковен коментар кон неговите содржини. Приредувачкиот коментар, најпрвин, прецизно ги изложува податоците за соработувачкиот тим на кажувачките од една страна, и запишувачите, од друга.
 
Наведени се имињата на кажувачките на македонските народни песни од кои се чуени најмногу песни (ДечаДепа Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од [[Прилеп]]), а искажана им е благодарност и на [[Рајко Жинзифов]], кој ќе им помогне на браќата во запишувањето на народните песни од Македонија, како и на Васил Чолаков, со чие посредство ќе бидат вметнати седумдесет бугарски народни песни (согласно барањето на [[Ѓаково|ѓаковскиот]] бискуп).
 
Константин го споменува изоставањето на Богослужбените слова и [[Нота|нотните]] записи на песните во изданието, кои ќе ги изработи третиот брат, првиот македонски [[музиколог]], [[Наум Миладинов]], чиешто неспоменување ќе му помогне да ја избегне трагичната судбина на своите двајца браќа.