Македонска револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Име: поправки
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Име: ситна поправка
Ред 101:
 
=== Име ===
Во различни периоди од своето постоење организацијата носила различни имиња. Таа била позната како ''Македонска револуционерна организација'' (МРО), ''Бугарски македонско - одрински револуционерни комитети'' - (БМОРК), ''Тајна македоно-одринска револуционерна организација'' (ТМОРО) и ''Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација'' (ВМОРО). Под кое име Организацијата била основана во историската наука нема согласност. Еден дел од историчарите сметаат дека првото официјaлно име на организацијата било Македонска револуционерна органанизација, или дури ''Македонски револуционерни комитети'' (МРК).<ref>[http://books.google.com/books?id=UeNBAAAAYAAJ&q=%D0%BC%D1%80%D0%BE+%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2&dq=%D0%BC%D1%80%D0%BE+%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2&hl=bg Историски преглед, том 25, издание на Бугарското историско друштво, Институт за историја на БАН, 1969 година стр 79.]</ref> Други сметаат дека првото име на организацијата било Бугарски македонско - одрински револуционерни комитети - (БМОРК), а трети сметаат дека прво таа се викала МРО, а потоа БМОРК. Меѓутоа општа согласност во Македонската историската наука нема дека оваа организација некогаш се именувала БМОРК. Според револуционерот [[Илија Докторов]]: "Во почетокот организацијата беше националистичка. Во нејзините редови се примаа само Бугари со докажана чесност. Оваа ситуација беше до 1896 година, кога во раните денови на м. август во градот Солун стана еден вид конгрес." <ref>Борбата во Македонија. Сеќавања на отец Герасим, Георги Рајков, Делјо Марковски, Илија Докторов, Васил Драгомиров. Ред. Борис Николов, ИК "Ѕвезди", 2005 година, стр 48, ISBN 9549514560. </Ref> Меѓутоа првиот претседател на Организацијата дД-р Христо Татарчев, истакнува дека префиксот ''бугарскабугарски'' бил намерно изоставен од името на Организацијата и од името на Централниот комитет, бидејќи можел да предизвика национализам кај инородните народи. Татарчев дополнува: "Како состав на организацијата се дозволи секој Бугарин, од кој и да е крај, да може да биде член на организацијата, откако се покрсти по установената формула... Меѓутоа, покасно кога организацијата се почуствува доста силна, за да ја афронтира секоја угроза и опасност, откаде и да било, се допуштијa во неа сите македонски христијани, доста тие да се воодошевуваат од истата идеја и да бидат искрено предани на ослободителното дело." Македонскиот историчар [[Крсте Битовски]] пишува: „Дилеми како се викала ревoлуционерната организација при нејзиното формирање и дали познатиот, меѓутоа недатиран Устав кој Организацијата, кој се нарекува „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“ е прв, не постојат. Со определена задршка, се смета дека е тој прв Устав на Организацијата." Акад. [[Иван Катарџиев]] смета дека: '"Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен... Меѓутоа, согледувајќи ја целата несоодветност на ова име со македонските услови и битие, на конгресот 1896 г. во Солун било решено името на Организацијата да се промени. Таа била наречена „Тајна македоно-одринска револуционерна организација. (ТМОРО)“" Некои бугарски научници, како Константин Пандев сметаат, дека првото уставно име на организациjата од 1894 година било Македонски револуционерни комитети, а во 1896 година на Солунскиот конгрес таа го добила името Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети. Пандев тврди дека ова име е сменето на ТМОРО дури во 1902 г. Овие тврдења се поддржуваат од спомените на [[Пејо Јаворов]], кој тврди во биографијата на Гоце Делчев, дека уставот од 1896 година бил еднонационален и ги приклучвал само егзархистите Бугари: "Тоа собир (од 1896 година) утврждава еден устав на револуционерната организацијa, копијa на стариот бугарски устав, тврде оригинален со положбата, дека само егзархисти Бугари се приемат за членови на комитетите." Истите ставови на Пандев се поддржуваат и од известувањето на српскиот генерален конзул во Битола Михаил Ристиќ до српскиот министер за надворешни работи, С. Лозаниќ, од 25.01.1903 г. кој му придодава документ во превод, кој го назначува како нов Статут на Револуционерната организација. Овој документ го носи насловот: "Статут на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација" и во секој поглед е идентичен со документот објавен 1902 г. според Пандев, како и со Статутот, кој според мислењето на Катарџиев бил составен уште во 1897 г.<ref>"До пре више од годину дана [тоа е до крајот на 1901 г., или до почетокот на 1902 г.] рад комитета имао ја чисто бугарско обележје, они су носили бугарску заставу ослобођења, они су својих присталица налазили само у онима који су пригрлили бугарску народну идеју. Наших [т.е. србоманите] и гркомана су се туђили па чак и пробојавали те се од њих морали осигуравати разним претњама. У последње време [т.е. при крајот на 1902 г.] они су понели стег ослобођења хришћана уопште и на мах се стали обраћати за помоћ и сарадњу свима хришћанима ма које народносне боје оне били." (БАН, Освободителната борба на българите в Македония и Одринско 1902/1904 - дипломатически документи, София 1978. 76)</Ref> Од друга страна Битовски пишува: "И денес, доколку на кој и да е бугарски историчар му се испрати фотокопија на Уставот на ТМОРО од Британскиот архив (Уставот бил испратен во Лондон во 1898 г.), од која се гледа дека тој точно го определува името на Организацијата (ТМОРО) од 1897 г. тоj тоа ќе го смета како провокација“. Сепак, нема спор меѓу историчарите дека во 1905 година, името ТМОРО било променето во ''"Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација"'' (ВМОРО).
 
== Цел ==