Македонска револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с fixing dead links
Jingiby (разговор | придонеси)
Име
Ред 99:
Денот на основањето на Организацијата, 23 октомври, од [[2007]] година се слави како државен празник на [[Република Македонија]] под името [[Ден на Македонската револуционерна борба]].
{{Основачи на ВМОРО}}
 
=== Име ===
Во различни периоди од своето постоење организацијата носила различни имиња. Таа била позната како ''Македонска револуционерна организација'' (МРО), ''Бугарски македонско - одрински револуционерни комитети'' - (БМОРК), ''Тајна македоно-одринска револуционерна организација'' (ТМОРО) и ''Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација'' (ВМОРО). Под кое име Организацијата била основана во историската наука нема согласност. Еден дел од историчарите сметаат дека првото официјaлно име на организацијата било Македонска револуционерна органанизација, или дури ''Македонски револуционерни комитети'' (МРК).<ref>[http://books.google.com/books?id=UeNBAAAAYAAJ&q=%D0%BC%D1%80%D0%BE+%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2&dq=%D0%BC%D1%80%D0%BE+%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2&hl=bg Историски преглед, том 25, издание на Бугарското историско друштво, Институт за историја на БАН, 1969 година стр 79.]</ref> Други сметаат дека првото име на организацијата било Бугарски македонско - одрински револуционерни комитети - (БМОРК), а трети сметаат дека прво таа се викала МРО, а потоа БМОРК. Според револуционерот [[Илија Докторов]]: "Во почетокот организацијата беше националистичка. Во нејзините редови се примаа само Бугари со докажана чесност. Оваа ситуација беше до 1896 година, кога во раните денови на м. август во градот Солун стана еден вид конгрес." <ref>Борбата во Македонија. Сеќавања на отец Герасим, Георги Рајков, Делјо Марковски, Илија Докторов, Васил Драгомиров. Ред. Борис Николов, ИК "Ѕвезди", 2005 година, стр 48, ISBN 9549514560. </Ref> Меѓутоа првиот претседател на Организацијата д-р Христо Татарчев, истакнува дека префиксот ''бугарска'' бил намерно изоставен од името на Организацијата и од името на Централниот комитет, бидејќи можел да предизвика национализам кај инородните народи. Татарчев дополнува: "Како состав на организацијата се дозволи секој Бугарин, од кој и да е крај, да може да биде член на организацијата, откако се покрсти по установената формула... Меѓутоа, покасно кога организацијата се почуствува доста силна, за да ја афронтира секоја угроза и опасност, откаде и да било, се допуштијa во неа сите македонски христијани, доста тие да се воодошевуваат од истата идеја и да бидат искрено предани на ослободителното дело." Македонскиот историчар [[Крсте Битовски]] пишува: „Дилеми како се викала ревoлуционерната организација при нејзиното формирање и дали познатиот, меѓутоа недатиран Устав кој Организацијата, кој се нарекува „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“ е прв, не постојат. Со определена задршка, се смета дека е тој прв Устав на Организацијата." Меѓутоа општа согласност во Македонската историската наука нема дека оваа организација некогаш се именувала така. Акад. [[Иван Катарџиев]] смета дека: '"Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен... Меѓутоа, согледувајќи ја целата несоодветност на ова име со македонските услови и битие, на конгресот 1896 г. во Солун било решено името на Организацијата да се промени. Таа била наречена „Тајна македоно-одринска револуционерна организација. (ТМОРО)“" Некои бугарски научници, како Константин Пандев сметаат, дека првото уставно име на организациjата од 1894 година било Македонски револуционерни комитети, а во 1896 година на Солунскиот конгрес таа го добила името Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети. Пандев тврди дека ова име е сменето на ТМОРО дури во 1902 г. Нема спор меѓу историчарите дека во 1905 година, името ТМОРО било променето во ''"Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација"'' (ВМОРО).
 
== Цел ==