Факултет за музичка уметност - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
ФМУ - Скопје својата дејност ја извршува во свој објект лоциран на ул: Питу Гули бб во Скопје, веднаш до Камен Мост на левата страна од Вардар. Објектот со вкупна површина од 1546 м2, располага со 10 предавални, 2 концертни сали, 16 кабинети за индивидуална настава и 4 аудио-видео лабаратории.
ФМУ - Скопје располага со голем инструментариум и технички инвентар потребен за успешна реализација на својата образовна и научна дејност: преку 30 клавири, 3 синтисајзери, клавичембало, широк спектар на ударни инструменти, 3 телевизори, 11 компјутери, графоскоп, 10 Цд плеери, 3 ДВД плеери, 2 ЛЦД проектори, 2 дигитални камерни, филмска камера, дигитален аудио процесор, видео миксер, 11 микрофони, 25 рефлектори, 2 димери, 3 аудио миксери и друга опрема. ФМУ располага со своја библиотека со читална, компјутер и аудио опрема.
На ФМУ - Скопје наставата ја изведуваат наставници и соработници кои се во работен однос на ФМУ, но и наставници и соработници кои се вработени во други установи, а се избрани во наставно-научни звања на ФМУ (Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, ДМБУЦ “Илија Николовски Луј“ и др.). Вкупно 50 наставници и 11 соработници работат на ФМУ. Меѓу нив се: Бојан Ортаков Симон Трпчески, Драган Даутовски, Борис Романов, Димитрије Бужаровски, Томе Манчев, Гордана Јосифова-Неделковска, Стојан Димов, Кире Костов, Весна Ѓиновска-Илкова, Олег Кондратенко, Саша Николовски-Ѓумар, Јана Андреевска, [[Сони Петровски]], Сашо Татарчевски, Дарија Андовска, Тања Вујисиќ-Тодоровска, Александра Мијалкова, Искра Шукарова и други.
На ФМУ - Скопје се остваруваат студии по студиски програми за додипломски и постдипломски студии. Во првиот циклус на универзитетските студии овозможени се 27 студиски програми. Образовниот процес на првиот циклус студии трае четири години со осум семестри настава.
Во рамки на факултетот делува Институтот за истражување и архивирање на музика - ИРАМ. Во архивите на ИРАМ има над 20 000 минути дигитално аудио со македонски фолклор (песни, приказни, обичаи) и над 2000 минути дигитално видео (документарни програми, концерти, хроника на културни настани со 135 кратки филмови). Во рамките на ИРАМ делува Студентско Интернет радио и телевизија, а ИРАМ е и организатор на 16 интернационални конференции.