Маричка битка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
Христијанските војски биле распоредени во камп кај [[Черномен]] на реката Марица. Бидејќи христијаните биле уверени во својата големина, тие не земале доволно претпазливост, а сигурно и не очекувале напад пред да пристигне султанот со анадолската војска. Сето ова станало една од причините за станало причина лошата дисциплина меѓу христијанската војска и нејзиниот пораз.
 
Румелиската војска на чело со Шахин Паша била распоредена во околината на [[Едрене]] во очекување на султанот. Лала Шахин го свикал воениот совет, на кој била донесена одлука Хаџ Илбеги заедно со неговиот одред од 4.500 војници да го започне нападот. Вечерта на 25 и 26 септември 1371 година согледувајќи го кампот на христијанската војска, Илбеги забележал дека таа е многу голема, но според изворите христијанската армија тонела во ноќното пијанство и ваквата состојба била многу добра за напад. Според Халкондил, обезбедувањето на кампот не било организирано<ref>Лаоник Халкондил, „Историја”</ref>.
 
Илбеги ги разделил своите сили на четири делови и ги испратил да нападнат во четири различни насоки. Нападот од сите четири страни создал паника и впечаток кај христијаните дека се опкружени од голема муслиманска војска. Изворите раскажуваат дека во паниката тие почнале да се убиваат меѓусебно. Благодарение на добрата и организирана муслиманска тактика, реката наместо заштитен ѕид се претворила во сериозна пречка за прегрупирање на христијанскитње сили. Христијанската војска била целосно разбиена: