Воманизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Воманизам е феминистички термин измислен од страна на Алис Вокер. Тоа е реакција на...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Воманизам е феминистички термин измислен од страна на Алис Вокер. Тоа е реакција на сфаќањето дека делови од феминизмот не ги опфаќат перспективите на жените од црната раса. Воманист е жена која сака жени и ја цени културата и моќта на жените како целина. Воманизмот ги адресира расистичките и класистичките аспекти на белиот феминизам. Тој ги вклучува и мажите признавајќи дека мажите од црната раса се составен дел од животот на жените од црната раса како и нивните деца, љубовници и членови од семејството. Воманизмот служи како алатка за разбирање на односите на жената од црната раса кон мажите како различни на тие на белата жена. Тој ги признава и фали сексуална моќ на жените од црната раса но истовремено ја признава историјата на сексуалното насилство. Оваа перспектива често се користи како средство за анализа на литературата на жените од црната раса, бидејќи таа го означува местото каде што расата, класата, родот, и сексуалноста се сечат. Воманизмот е уникатен поради тоа што не мора да значи било каква политичка позиција или систем на вредности, освен прославувањето на силата и искуствата на жените од црната раса. Поради тоа што признава дека жените живеат во свет кој е неподнослив на повеќе платформи, тој се обидува да ги прослави начините на кои жените ги преговараат овие угнетувања во самостојниот живот.
 
== Белешки ==
<span class="plainlinks">http://afeministtheorydictionary.wordpress.com/2007/07/17/womanism/</span>
 
[[Категорија:Феминизам|*]]