Брак: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 5 промени во текстот и вратена преработката 2826774 на EmausBot
превод/додаток
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Брак''' е социјално или ритуално признат сојуз или правен договор меѓу две или повеќе лица со кој се воспоставуваат правата и обврските меѓу нив. Дефиниција на бракот варира во зависност од различните култури, но тоа е главно институција во која меѓучовечки односи, обично интимни и сексуални, се признаваат. Во некои култури, бракот се препорачува или се смета за задолжителен пред извршуваање на било каква сексуална активност.
'''Бракот''' претставува заедница на две или повеќе лица од различен [[пол]] и како таква претставува основа за градење на [[семејство]]. Мажите во бракот уште се нарекуваат и '''сопруг''', а жените '''сопруга'''.
 
'''Бракот''' може да биде доброволен - кога брачните партнери сами, по своја волја се решаваат да ја формираат заедницата, или договорен - по налог на други лица, најчесто родителите на брачните партнери или поширокиот семеен круг, семејниот старешина, племенскиот старешина и тн.
 
Поединец може да стапи во брак за неколку причини, вклучувајќи правни, социјални, емоционални, финансиски, и религиозни. Во некои делови од светот договорен брак, малолетнички брак, полигамијата, а понекогаш и принуден брак, може да се практикува како културна традиција. Спротивно на тоа, таквите практики можат да бидат забранети во многу делови во светот поради загриженоста за човековите права. Во развиените делови на светот, има општ тренд кон обезбедување еднакви права за жени во рамките на бракот и законско признавање на браковите кои се меѓурасни, меѓуверски и истополови. Честопати, овие трендови се мотивирани од желбата да се воспостави еднаквост и за почитување на човековите права.
Во денешно време бракот често се поистоветува со неофицијалните заедници на истополови единки, но таквите заедници неможат да се наречат '''брак''' поради [[биологија|биолошката]] спреченост да изградат [[семејство]] (заедница на [[родител]] и [[потомство]]). '''Брак''' и '''хомосексуална заедница''' се заедници кои се различни по цел и смисла, поради што и се користат два термина.
Бракот може да биде признат од страна на една држава, организација, верски орган, племенска група, локална заедница или врсници. Граѓанскиот брак е брак без религиозна содржина извршен од страна на владинска институција, и се признава како создавање на правата и обврските суштински за брак. Бракот може да се изврши во секуларна граѓанска церемонија или во верски амбиент преку свадбена церемонија.
 
Историски гледано, во повеќето култури, мажените жени имале многу малку права, заедно со деца во семејството биле сметани за имотот на мажот. Во Европа, САД, и неколку други места, од крајот на 19-от век во текот на 21-от век, бракот претрпе постепени законски измени, кои имаат за цел подобрување на правата на жените. Овие промени констинуираат давање на жените сопствен идентитет, укинување на правото на мажите да ги физички нападнат своите сопруги, либерализација на законите за развод и тн. Овие промени се случиле пред се во западните земји. Во 21-от век, сеуште има контроверзии во однос на правниот статус на мажените жени, правни прифаќања или попустливост кон насилството во бракот (особено сексуално насилство).
Бракот, освен [[социологија|социолошка]], има и [[религија|религиозна]] природа.
 
== Бракот во христијанството ==
Ред 23 ⟶ 24:
 
Од најстаро време прстените претставувале симбол на брачност. Невестата и момчето ги сменуваат прстените три пати, во чест на [[Света Троица]], симболизирајќи дека во бракот нивните дарби, таленти и великодушност, ќе ги делат еден со друг. Во [[Православие|Православната црква]] прстените се ставаат на десната рака, затоа што десната рака, според традицијата претставувала симбол на сила и почит. Променувањето на прстените ја симболизира нераскинливата врска во христијанскиот брак. По ова следува благослов даден од страна на свештеникот и менување на прстените од страна на кумот.
 
===Критисизам===
 
Феминистичката теорија тврди дека бракот е институција традиционално вкоренета во патријархатот кој ја промовира машката супериорност и власт над жените. "Теоретски, жените ... [беа] дефинирани како сопственост на нивните сопрузи .. .. Прељуба на една жена беше секогаш построго третирана од онаа на еден маж."
 
Традиционалниот брак наметна обврска на жената да биде сексуално достапна за нејзиниот сопруг и обврска на мажот да обезбеди материјална/финансиска поддршка за жената. Бројни филозофи, феминистки и други академски лица коментирале на ова низ историјата, се осудува лицемерието на правните и религиозните власти во однос на сексуалните прашања; што укажува на недостаток на избор на жената во однос на контрола на сопствената сексуалност; и се повлекуваат паралели помеѓу бракот, институција промовирана како света, и проституцијата, што наголемо се осудува и оцрнува (иако често се толерира како "нужно зло"). Мери Волстонкрафт, во 18-от век, го опиша бракот како "легална проституција". Ема Голдман напиша во 1910: "За моралистот проституција не се состои толку многу во фактот дека жената го продава своето тело, туку дека таа се продава надвор од брак". Бертранд Расел во својата книга Бракот и Моралот напишал: "Бракот е за жена најчест начин на живот, а вкупниот износ на несакан секс издржан од страна на жените е веројатно поголем во брак отколку во проституција." Ангела Картер во Ноќи на Циркус напиша: "Што е бракот, освен проституцијата за еден маж, наместо за многу".
 
Некои критичари се противат на она што тие го гледаат како пропаганда во врска со бракот - од владата, верски организации, медиуми - кои агресивно го промовираат бракот како решение за сите социјални проблеми; како пропаганда се вклучува, на пример, промоцијата на бракот во училиштата, каде што децата, особено девојчињата, се бомбардирани со позитивни информации за бракот, каде се претстави само со информации изготвени од страна на властите.
 
Во САД, студии покажаа дека, и покрај рамноправните идеали, помалку од половина од испитаните гледаат на своите врски како еднакви, во нееднакви односи се почесто присуство на доминација од страна на машкиот партнер. Истражувањата исто така покажуваат дека брачни двојки имаат највисоко ниво на задоволство додека се во рамноправни односи. Во последниве години, егалитарните бракови добиваат се поголем фокус и внимание политички, економски и културно во голем број на земји.
 
{{Фамилија}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Брак