Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 24:
|}}
{{Најголеми освојувачи во историјата на човештвото}}
'''Александар III Македонски''', попознат како „'''Александар Велики'''“ ({{lang-grc|Ἀλέξανδρος ὁ Μέγας}}, {{lang-la|Alexander Magnus}}, кај блискоисточните народи „''Искендер Зулкарнејн''“; [[Пела]], [[356 п.н.е.]] – [[Вавилон]], [[1310 јуни (починале)|1310]]/[[11 јуни|11]] [[323 п.н.е.|323]]) — [[Антички Македонци|македонски]] крал од династијата [[Аргеади]], син на [[Филип II Македонски]] и [[Олимпија]], ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. [[Римјани|Римјаните]] му го дале прекарот ''Magnus'', „великиот освојувач на светот“.
 
Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција. На тринаесетгодишна возраст бил подучуван од грчкиот философ [[Аристотел]] во место [[Миеса]] (близу до [[Бероја]]). Неговото образование ги опфаќало: [[поезија]]та, [[астрономија]]та, [[геометрија]]та, [[реторика]]та, натпреварите во гимнастички вежби, јавањето и ловот. На шеснаесетгодишна возраст, Филип му го доверил управувањето над [[Античка Македонија|Македонија]], додека тој била во поход против [[Бизантион]]. Првиот поход на Александар бил против [[Мајди]]те, племе во горниот тек реката [[Стримон]], кога ја извојувал првата воена победа и го основал град под името Александрополис, прв од многуте кои подоцна ги подигнал. На осумнаесетгодишна возраст учествувал во славната [[Битка кај Херонеја (338 п.н.е.)|битка кај Хајронеја]], заедно со својот татко Филип, кога здружените сили на [[ Грци|Хелените]] биле разбиени. По убиството на Филип, Македонското собрание го прогласило за владетел на Македонија. Како македонски крал, неговата прва воена акција била насочена против хеленските полиси кои се обиделе да ја отфрлал македонската власт. Александар ги принудил да го потврдат [[Корински договор|Коринскиот договор]], според кој тој ја наследува титулата ''Хегемон на Хелените''. Во [[335 п.н.е.]], ги поразил [[Трибали|Трибалите]] и нивните сојузници [[Гети|Гетите]] и преку илирската територија се спушил во Хелада, каде што започнало ново востание насочено против македонската власт, потикнато од [[Демостен]], со центар во [[Теба]]. Александар ги поразил Тебанците и ја принудил [[Атина]] да го прифати понудениот мировен договор.
Ред 30:
Во [[334 п.н.е.]], со 40 000 војници го започнал својот против [[Персија]] и навлегол во Мала Азија преку Хелеспонт, кај Сест. Првиот судир со персисиката војска се случил кај реката Граник на Пропонтида. По победата, Александар продолжил со својот пробив. Градот Сард се предал без борба, а во градовите во Ајолида и Јонија, меѓу кој бил и ефес, го пречекале како ослободители. Единствено Милет и Халикарнас се спротиставиле. По овие освојувања ја поделил војската на два дела, едниот дел на чело со Парменион заминал во Сард каде што требало да презими, а другиот дел тргнал во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Во [[333 п.н.е.]], во Гордион, престолнината на [[Бриги|фригиските]] кралеви (Гордиј и Мида), се собрала целата војска. Тука, според една легенда, Александар го пресекол со меч неразврзливиот гордиев јазол, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со Азија. Во освоените територии најчесто го задржувал постојниот административен систем: сатрапиите – основни административни единици на чело со сатрапи, а најчесто Персијците, ја имале цивилната и воената власт, освен во Лидија, каде што бил поставен Македонец. Финансиската власт ја раководеле Македонци, а македонската војска ја контролира освоената територија.
 
Првата битка со ''големиот крал'' (крал на кралевите) [[Дариј III]] се случила кај Исос во [[333 п.н.е.]], каде што Александар со својата војска победил, а Дариј избегал од бојното поле. Во Феникија ги освојува Тир и Газа. Во Египет бил дочекан како ослободител и бил прогласен за фараон. Во градор Мемфис, египетските свешеници му ја предале двојната круна на египетските фарони. Во 331 п.н.е, на делтата на реката Нил го основал градот Александрија. Преку Сирија, навлегол во северна Месопотамија. Во 331 п.н.е во битката кај Гавгамела извојувал победа против бројна персиска војска. По победата, се прогласил за крал на Азија и влегол во градот Бабилон[[Вавилон]], еден од главните центри на Персиското Царство. Отаму, продолжил кон срцето на Персија и ја освоил Суза, втората престолнина на персиската држава, а набргу вонегови раце се нашол и градот Екбатана. Неговата потера на персискиот крал Дариј завршила во Хекантопил, каде што било пронајдено телото на Дариј Кодоман (бил убиен од персисикиот сатрап Бес). По закопувањето на Дариј, со сите кралски почести, Александар како персиски крал се упатил на север кон Хирканија и Партија, области на југ од Каспиското Море. Во периодот помеѓу 330 – 327 п.н.е, Александар престојувал во Бактрија и Согдијана. Во Бактрија во 327 п.н.е, се оженил со иранката Роксана, која подоцна го родила неговиот син Александар. Во походот во Индија, кај реката Хидасп во 326 п.н.е, Александар ја водел својата последната битка против Пор, кралот на Пенџап. По големата победа над овој индиски владетел, ги присоединилземјите од оваа страна на Инд кон својата империја. На местото на битката кај Хидасп, Александар го основал градот Никаи (Победа), а во близина подигнал уште еден град, наречен Букефала, во чест на неговиот коњ Букефал. На бреговите на реката Хифаст подигнал дванаесет жртвеници на боговите и столб на кој пишувало Овде застанал Александар.
 
На врќање од Индија, на брегот на реката Инд, основал нова Александрија, еден од 17-те градови под ова име. На брегот на Индискиот Океан, неговата војска се поделила на два дела, едната под команда на Александар се движела по копно, а другата под команда на Неарх, пловела 80 дена. Во 324 п.н.е, во градот Суза целата македонска војска се собрала, каде што Александар организирал прослава во чест на Големата света свадба , кога 10 000 Македонци се ожениле со Персисики, а самиот Александар се оженил со двете ќерки на Дариј: Брасида и Парисатида, и со најмалата ќерка на Артаркксеркс: Охос. По враќањето од својот индиски поход, Александар планирал нови походи. Тој наредил да се извршат подготовки за поморско патување околу Арапскиот Полуостров до Картагина и до островите на Херакле (Мелкарт), најстариот теснец меѓу Еворопа и Африка (денес Гибралтар). Овие планови, пропаднале поради неговата смрт.