Разлика помеѓу преработките на „Костур (округ)“

Одземени 28 бајти ,  пред 7 години
с
нема опис на уредувањето
с
Подрачјето на Костур е претежно планинско, со изразено [[континентална клима]], што значи дека има студени зими и топли лета.
 
Во средината на округот се наоѓа Костурската Котлина со убавото [[Костурско Езеро]], на кое се наоѓа и самиот град [[Костур (град)|Костур]]. Од северозапад, котлината е ограничена од планината [[Орлово (планина)|Орлово]], која го дели Костурско од подрачјето на [[Девол (округ)|Девол]] во Албанија и грчкиот дел на [[Мала Преспа]] — општината [[Општина Преспа (Грција)|општината Преспа]]. На североисток е [[Нередска Планина|Нередската Планина]] (Вич), која пак го дели Костурското од [[Леринско Поле|Леринското Поле]]. На исток планината [[Мурик]] е границата со [[Кајларско Поле|Кајларското Поле]]. На запад планината [[Грамошта]] и на југозапад планината [[Горуша]] го делат Костурско и воопшто [[Егејска Македонија]] од [[Епир]] и областа [[Колоња (округ)|Колоња]] во Албанија. На југ котлината е релативно отворена по долината на [[Бистрица (Грција)|Бистрица]] кон [[Гребенско]].
 
Географската граница меѓу Македонија и Епир не се совпаѓа точно со административната граница на округот — дел од селата [[Нестрам]]ско географски припаѓаат на Епир, но административно се водат под Костур.