Лесновски манастир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена на Image:Лесновски_манастир_01_.jpg со Image:Лесновски_манастир_01.jpg (од страна на Steinsplitter поради: Robot: Removing space(s) before file ex...
с Замена на Image:Лесновски_манастир_02_.jpg со Image:Лесновски_манастир_02.jpg (од страна на Steinsplitter поради: Robot: Removing space(s) before file ex...
Ред 10:
[[Податотека:Lesnovo_monastery.jpg|thumb|лево|250px|Црквата во 1912 година]]
За првпат во пишани споменици се спомнува во 1330, кога книжевникот [[Станислав]] препишал во манастирот [[пролог]], каде го сместил и краткото житие на Гаврил Лесновски. Денес ракописот се чува во [[Белград]]. Во [[1341]] година деспотот [[Јован Оливер]] го обновил, а по неколку години бил проширен со вториот дел. На црковниот собир во [[Скопје]], [[1347]] година од страна на [[Стефан Душан]] бил назначен овој манастир за седиште на новоформираната [[Злетовска епископија]], што ја заменила [[Мородвиска епископија|Мородвиската]]. Веројатно и тоа било причина манастирот да биде проширен.
[[Податотека:Лесновски манастир 02 Лесновски_манастир_02.jpg|мини|десно|400п|<small>Лесновски манастир</small>]]
Во [[1381]] година повторно бил приложен на манастирот [[Хилендар]]. Во [[1558]] година, при [[игумен]]от [[Неофит]], манастирот бил поправен, а во [[1581]] при игуменот [[Спиридон]], го препокрил кратовскиот [[болјар]]ин [[Никола Бојчиќ]]. Благодарение на жителите на Кратовско и [[Крива Паланка|кривопаланечко]], манастирот успеал да дотрае низ целиот [[среден век]], па се до денес, зошто од нив бил неколу пати поправан. При крајот на [[17 век]] запустел, но во [[1805]] го обновил [[еромохај]]от [[Теодосиј (еромохај)|Теодосиј]]. Во [[1814]], од една белешка гледаме дека тој бил игумен на манастирот. Овој манастир е еден од побогатите [[книжевни центри во Македонија]]. Низ повеќе институции надвор од Македонија се чуваат ракописи што се пишувани во него или потекнуваат од неговата богата [[библиотека]]. Познати се збирките во: Белград, [[Софија]], [[Пловдив]].