Птици (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
Шетајќи се по улиците на [[Бодега Беј]], барајќи ја куќата на Мич, Мелани ја среќава Ани Хејворт ([[Сузан Плешет]]), поранешна девојка на Мич. Ани е учителка во локалното училиште, живее сама во голема куќа и издава соби на посетителите на [[Бодега Беј]]. Истовремено небото над [[Бодега Беј]] е преполно со [[галеб|галеби]] кои нервозно летаат во сите правци, вознемирени од олујата на морската пучина, барајќи мир на копното.
 
Мелани кришум со кајче успева да дојде до куќата на Мич, оставајќи го изненадувачкиот подарок (кафез со пар заљубени птици), но Мич успева да ја лоцира Мелани и со возилото се упатува на спротивната страна од брегот каде Мелани треба да го врати позајменото кајче. Додека управува со кајчето, Мелани е нападната од [[галеб]] и со крвава глава стигнуванастигнува на брегот. Мич и притекнува напомош и по мала интервенција во локалната кафеана, Мич ја кани Мелани дома на вечера, што Мелани со задоволство прифаќа.
 
Мајка му Лидија ја препознава Мелани од аферите во дневните печати и не е многу одушевена од нејзиното присуство кај нив дома, но не може да се воздржи од нејзината убавина, како и од гестот со изненадувачкиот подарок. Мелани го забележува тоа и инсистира да оди да ноќева во изнајмената соба кај учителката Ани бидејќи мора утредента да заминува дома во [[Сан Франциско]] и покрај поканата од малата Кати да остане да ноќева во нивната куќа. Додека нервозно разговара со Ани за тоа како поминала на вечера кај Мич, зазвонува телефонот на Ани. Мич се извинува на Мелани за дрското однесување на неговата мајка Лидија и истовремено ја кани утредента попладне да присуствува на роденденот на Кати. Во тој момент силен удар во вратата ја потресува куќата на Ани, тоа е еден огромен мртов галеб.