Византијци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
дополнување
Jingiby (разговор | придонеси)
дополнување
Ред 3:
Mакар и релативно ретко во источноримските хроники пред 1453 година, под стилизираниот [[термин]] "Византијци" (Βυζάντιοι) се подразбирале само и единствено жителите на Константинопол. Жителите на тоа град, сепак, се сметале себе си како ''Римјани'', а не како "Византијци" - термин кој не бил актуелен во тогашната реалност. Терминот "Византијци" (во случаите кога визира жителите на целата империја) може со полно право да се смета за [[неологизам]], кој потекнува дури од 1557 година, односно се користи за прв пат од западната историографија еден век по освојувањето на Константинопол од османските [[Турци]] во 1453 година.
 
Терминот 'ромеи' (во ред со "романи" на латински јазик , "рум" на персиски, арапски и турски јазик , и т.н.) всушност сам по себе се јавува [[политоним]], а не [[етноним]]. По 212 година етничкото потекло повеќе не било од суштинско значење за поданиците на Римската империја.<ref>Charanis, Peter (1959). "Ethnic Changes in the Byzantine Empire in the Seventh Century". Dumbarton Oaks Papers (Dumbarton Oaks, Trustees for Harvard University) 13: 23–44. JSTOR 1291127.</ref> Во секој случај постепени промени имало и до 330, кога Константин I го изградил Константинопол како свој престолен град, а процесот на [[хеленизација]], и [[христијанизација]] веќе бил во голем замав. Во 395 година, римската држава била поделена на два дела: Западно Римско Царство, со седиште во Рим и Источно Римско Царство, со престолнина во Константинопол. Двата дела на римската држава никогаш повеќе не се обединиле. На почетокот на 8 век, латинскиот јазик конечно бил изместен од Грчкиот, кој во источниот дел на Стариот свет бил наметнат уште од времето на Александар Македонски. Сѐ до 1453 (падот на Константинопол), жителите на Византија себеси се сметале и се нарекувале како Ромеи.
 
== Наводи ==