Призренска лига: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 4 промени во текстот (од Anaand) и вратена ревизијата 2960115 на Addbot
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''ПризренскатаПризренска Лига''' била албанска политичка организација основана на 10. јуни 1878 год. во [[Призрен]], во [[Косовскиот вилает]] во [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]]. Чувствувајќи ја заслабената позиција на Османлиската Империја, Лигата започнала програма за реформирање на пет политички делови: одбрана на земјите населени со [[Албанци]] од интересите на [[Србија]], [[Црна Гора]] и [[Грција]]; создавање единствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите [[Косовски вилает|Косово]], [[Манастирски вилает|Манастир]], [[Јанински вилает|Јанина]] и [[Скадарски вилает|Скадар]]; формирање воена служба на територијата на [[Албанија]]; создавање училишта за развој на националното образование; контрола на финансии. Видни фигури кои учествувале во работата на Лигата биле: [[Сами Фрашери]], [[Пашко Васа]], [[Абдул Фрашери]] како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници.
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Призренската Лига''' била албанска политичка организација основана на 10. јуни 1878 год. во [[Призрен]], во [[Косовскиот вилает]] во [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]]. Чувствувајќи ја заслабената позиција на Османлиската Империја, Лигата започнала програма за реформирање на пет политички делови: одбрана на земјите населени со [[Албанци]] од интересите на [[Србија]], [[Црна Гора]] и [[Грција]]; создавање единствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите [[Косовски вилает|Косово]], [[Манастирски вилает|Манастир]], [[Јанински вилает|Јанина]] и [[Скадарски вилает|Скадар]]; формирање воена служба на територијата на [[Албанија]]; создавање училишта за развој на националното образование; контрола на финансии. Видни фигури кои учествувале во работата на Лигата биле: [[Сами Фрашери]], [[Пашко Васа]], [[Абдул Фрашери]] како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници.
 
== Причини за формирање на Призренската лига ==
 
[[Податотека:League of Prizren building.jpg|300px300п|thumbмини|Куќата каде е формирана Призренската лига.]]
 
[[Источната криза]] започнала со востанието во [[Босна и Херцеговина]] во 1875. година, па преку [[Априлското востание]] ([[1876]]) во [[Бугарија]], [[Разловечкото востание]] (1876. год.) во Македонија, [[Српско-турската војна]] од 1876. год. и завршила со [[Руско-турската]] војна 1877 год. која завршила со [[Сан Стефанскиот мировен договор]] од 3. март 1878 год., а потоа со неговата корекција на [[Берлинскиот конгрес]] (13.06.1878 - 13.07.1878 г.). Источната криза им била од корист на балканските држави и на [[Русија]], со цел да ги оживеат освојувачките планови за Албанија. Со влегување на Русија во војната, опасноста од поделба на Албанија се зголемила. Албанските патриоти мислеле дека организираното ослободително востание и прогласување на независност на Албанија е единствен начин да им се спротистават на балканските држави и големите сили. За таа цел започнале со обиди за подобро организирање на национално движење и за обезбедување на надворешен сојузник. Во мај 1877 год. бил формиран албански комитет со центар во [[Јанина]], а потоа ист таков бил формиран и во [[Скадар]]. Во декември 1877 год. во [[Истанбул]] бил формиран „Централен комитет за одбрана на правата на албанската националност“ или покусо „[[Истанбулски комитет]]“ на чело со [[Абдул Фрашери]]. Со потпишувањето на [[Санстефанскиот мировен договор]] (3. март 1878 г.) било предвидено еден дел од предели во кои живеело албанско население да им се отстапи на Бугарија, Србија и Црна Гора. Тоа предизвикало револт кај Албанците. Во цела Албанија биле организирани масовни протести. Против овој договор биле и големите сили и затоа решиле да направат корекција на Берлинскиот конгрес. Во ваква напната состојба во Албанија се барала организација на сите сили за одбрана на албанските етнички области од распарчување. За таа цел се јавила потреба од создавање на единствен центар за организирање на албанските активности. Уште во април 1878 год. започнало движење за одржување на општ албански собир во Призрен, што е познат како Албанска или Призренска лига. Веста за одржување на Берлинскиот конгрес ги забрзала подготовките околу заседанието. На 10-ти јуни 1878 год. започнало заседанието на Призренската Лига, на кое присуствуале делегати од сите краишта на Албанија. На собранието на Лигата била донесена одлука да се известат Големите сили дека Албанскиот народ е решен да не дозволи поделба на неговата територија и дека е подготвен веднаш да преземе мерки за практично реализирање на автономија на Албанија и соединување на вилаети каде што живееле Албанци. Во програмата се предвидувало администрацијата на Лигата да ги преземе ингеренциите на државната администрација, да избере органи на власт што требале да воспостават ред и да собираат даноци за да се организираат и вооружени сили. Со своите први акти Лигата презела државни функции за постепено изградување на една автономна албанска држава. [[Високата Порта]] се обидела на Лигата да и даде [[ислам]]ски карактер со протурска ориентација и да ја искористи за одбрана на своите интереси на [[Балкан]]от.
 
== Ставот на Лигата кон одлуките на Берлинскиот конгрес ==
 
На Берлинскиот конгрес (13.07.1878 - 13.08.1878 г.) учествувале шестте големи сили на Европа. Албанскиот народ немал свои претставници кои би ги изнеле неговите ставови. По еден месец интензивни преговори, на 13. јули 1878 г. бил потпишан Берлинскиот договор. Со него, пределите населени со македонско и албанско население кои со [[Санстефанскиот договор]] биле дадени на Бугарија останале под Османлиска власт. На Србија и биле дадени: [[Пирот]], [[Врање]] и [[Ниш]], на Црна Гора: [[Бар (Црна Гора)|Бар]], [[Плав]], [[Подгорица]], [[Гусиње]], [[Ругово]] и [[Колашин]]. На конгресот било решено и прашањето за [[Грција]], која не учествувала во војната против Османлиската империја. Било решено за гранична линија меѓу неа и Османлиската држава да биде реката [[Каламис]] во [[Долна Албанија]], со што на Грција и биле дадени области во [[Чемерија]]. Албанците не биле задоволни од решенијата на Берлинскиот конгрес и затоа решиле да се спротистават на нив и да им покажат на големите сили дека албанскиот народ постои и е подготвен да се жртвува за своите права. Тоа Албанците го покажале во борбите за [[Плав]] и [[Гусиње]] кои требало да и припаднат на Црна Гора. Во август 1878 г. Големата Порта го испратила на [[Косово]] [[Мехмет Али Паша]] да ги убеди Албанците да не се противат на решенијата од Берлинскиот Конгрес. Најголемо спротиставување имало во [[Ѓаковица]] каде силите на Лигата го опседнале и го нападнале градот, и го убиле Мехмет Али Паша. По овој неочекуван настан Големата Порта прашањето за Плав и Гусиње го оставила за подоцна. Црногорскиот крал интервенирал кај Големите сили Високата Порта да ги повлече своите војски од [[Подгорица]], [[Шпуза]] и [[Жабљак]]. Призренската лига не се спротиставивал на давањето на овие области на Црна Гора, бидејќи биле со словенско население, а решила да ги брани Гусиње и Плав бидејќи биле со албанско население. Меѓу црногорските војски и силите на Лигата се воделе жестоки борби во кои Црногорците биле поразени. Со помош на Големите сили било решено на Црна Гора, наместо Плав и Гусиње, да и се дадат други албански области: [[Хот]] и [[Груда]]. Ваквото решение предизвикало незадоволство кај Албанците и во април [[1880]] г. повторо дошло до војна во која Црногорците одново биле поразени и принудени да се повлечат. Прашањето за [[Улцињ]] и албанските победи ги принудиле Големите сили да се состанат во Берлин на 26. јуни 1880 г. каде решиле наместо Хот и Груда на Црна Гора да и се даде Улцињ. Оваа одлука ја принудила албанската Лига да свика собрание во [[Ѓирокастро]] (26. јули 1880 г.) и во [[Дебар]] (20. октомври 1880 г.), на кои покрај дискусија за статусот на Албанија во однос на Османлиската Империја се разговарало и за одбрана на земјата. Високата Порта се обидувала да ги убеди Албанците да го предадат Улцињ, но неуспешно. Големите сили соочени со нова ситуација решиле воено да интервенираат со испраќање на поморска флота пред Улцињ. Тие од Албанија побарале да го предаде градот. На 26. ноември 1880 г. османлиски сили го освоиле градот и го предале на Црногорците. Губењето на Улцињ предизвикало големо незадоволство кај Албанците.
 
== Привремената влада на Лигата и нејзиното распаѓање (1881 г.) ==