Пајонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 46:
За прв пат овој народ се споменува во делото „[[Илијада]]“ на слепиот поет [[Хомер]], каде што тој ги претставил како сојузници на [[Троја]]нците. Тој опеал дека овој народ живеел на територијата околу реката Аксиј ([[Вардар]]), речиси територијата на денешна [[Република Македонија]], претежно источните делови. Во Пајонија влегувале Источна Македонија, реката [[Брегалница]] до [[Кочани]], реката [[Струма]], делови од [[Бугарија]] и Јужна [[Србија]]. Тие биле поделени на повеќе племиња: [[Лајаи]], [[Агријани]], [[Астрои]] и [[Иори]].
 
Во VI век п.н.е Пајонија била воено моќна и ги напаѓала тракискиот брег и [[Пропонтида]]. Во тој период Пајонија имала голема територија, од југот на [[Србија]] до [[Егејско Море]] и од [[Пирин]] до [[Пелагонија]]. Но, по појавата на македонските кралеви моќта на Пајонија опаднала, таа го изгубила [[Солунско полеПоле]] и излегувањето на [[Егејско море]], како и денешна Западна [[Македонија]]. Војувале и со [[Персија]], која по победата ги преселила [[СиропајонцитеСиропајонци]]те, [[ПајоплитеПајопли]]те и племињата околу [[Прасијадско Езеро|Прасијадското Езеро]] на [[Мала Азија]]. Во времето на македонскиот крал [[Александар I]] (498-454 год. п.н.е) Пајонија ги изгубила градовите [[Мигдонија]], [[Крестонија]] и [[Амфакситида]], како и областите околу [[Пангеј]] ([[Кушница]]). [[Агис]] (? – 359/8 год. п.н.е) бил првиот пајонски владетел чие постоење е потврдено со историските извори. По неговата смрт во 359 год. п.н.е [[Филип II]] ја покорил Пајонија и наметнал вазални односи. И покрај формалната зависност на Пајонија од Македонија, на власт останала истата кралска куќа на чие чело стоел синот на [[Агис]], [[Ликеј]] (о. 356-о. 340 год. п.н.е). Покрај историските податоци и епиграфски споменици, за Ликеј говорат и парите што биле емитувани во негово име. Син и наследник на [[Ликеј]] бил [[Патрај]] (340/335-315 год. п. н.е.), кој пак бил наследен од [[Авдолеон]] (315-286/5 год. п.н.е.). [[Авдолеон]] највеке придонел пајонското кралство да се доближи до развиениот хеленски свет и културата на државите на Александровите дијадоси. Во 289 год п.н.е. тој ја снабдувал [[Атина]] со жито бидејќи [[Антигон Гонат]] го зазел нејзиното главно пристаниште, [[Пиреј]]. Легитимен наследник на [[Авдолеон]] бил [[Аристон]] (286-85 год. п.н.е.), но тој бил нападнат од [[Лизимах]] и побегнал во [[Дарданија]].
 
По наездата на [[Келти]]те во почетокот на 3 век п.н.е. на пајонскиот престол дошол [[Леон]] (278-250 год. п.н.е.), веројатно вториот син на [[Авдолеон]], кој пак бил наследен од синот [[Дропион]] (250 - 223 год. п.н.е.). [[Дропион]] е последниот пајонски крал, а воедно и основачот на пајонскиот којнон (сојуз). По неговата смрт просторот на Пајонија го презела [[Античка Македонија]], под водство на кралот [[Филип V]] ([[221]]–[[179]] п.н.е), а северниот дел и припаднал на [[Дарданија]]. Под водство на синот на [[Филип V]], [[Персеј]] ([[179]]–[[168]] п.н.е.) [[Македонија]] се соочила со експанзионизмот на Римската република. Ова резултирало со пораз на [[Македонија]] и распад на Македонското кралство, кое во [[148 п.н.е.]] потпаднало под директна римска власт.