Катерина Арагонска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 94:
Во [[1942]], американскиот историчар [[Гарет Матингли]], напишал биографија за Кетрин од Арагон. Во [[1966]] година, Џон И. Пол напишал книга за Кетрин и нејзините подржувачи: ''''Кетрин од Арагон и нејзините пријатели''''. Во [[1967]], Мери М. Лук ја напишала првата книга од нејзината триологија за фамилијата Тјудор, ''Кралицата Кетрин'' во која е опишен нејзиниот живот и ерата во којашто живеела.
 
Пред некоја година, писателката Алисон Веир го опишала нејзиниот живот во книгата ''ШесттеШесте сопруги на Хенри VIII'', објавена за прв пат во [[1991]] година. Антонија Фрејзер го направила истото во нејзината книга објавена во 1992 година, која го имаше истиот наслов, како и британскиот историчар Дејвид Старки во книгата ''Шест сопруги: кралиците на Хенри VIII'', објавена во 2003год.
 
== Во уметноста и медиумите ==
 
Во текот на годините, многубројни уметници и книжевни работници твореле, пишувале и ја споменувале Кетрин во своите дела. Дури и нејзиниот сопруг Хенри VIII пишувал за неа, а [[Хуан Луис Вивес]] ѝ ја посветил ,,''Образованието на христијанските жени''”.
Кетрин од Арагон била играна и на филм, драми, книги, телевизија итн. па поради тоа е запаметена и ден денес. Досега немало филм или телевизиска серија во која таа е главна улога, иако има исклучок во првата епизода од ''''ШесттеШесте сопруги на Хенри VIII'''', приказна раскажана од нејзина гледна точка. Во нејзина улога се појави [[Анет Крозби]]. Исто така, има многубројни романи, песни, поеми напишани за неа. Претставата на Шекспир, ''Хенри VIII'', многу добро ја прикажува Кетрин, како и нејзината изјава на суд за валидноста на својот брак. Меѓутоа, остатокот од претставата е обид за ослободување од вина за мнозинството, особено за Хенри VIII (тој е прикажан како невин пион на кардиналот Волси, и претставата запира пред погувањето на Ана Болејн), а исто така, важни настани се или изменети или избегнати.
 
Иако на филм Кетрин е портретирана како типична Шпанка, со темна коса и очи и маслинест тен, сепак, постоечките портрети и современите описи ја опишуваат како жена со сини очи, блед тен и црвенкаста коса, карактеристични црти за луѓето од Арагон, земјата на нејзиниот татко. Често ја играат со шпански акцент. Според доказите, тоа е точно бидејќи никогаш целосно не го совладала англискиот јазик. Покрај тоа, таа имала и англиско потекло, преку нејзините предци, Кетрин од Ланчестер и Филипа од Ланчестер, ќерки на Џон од Гент, првиот војвода од Ланчестер.
 
== Видете истоПоврзано ==
* [[ШесттеШесте сопруги на Хенри VIII]]
 
== Наводи ==