Птици (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
На роденденската забава на Кати организирана во дворот од семејната куќа присуствуваат сите деца од училиштето, поканетата Мелани, како и учителката Ани. Видливо е присуството на големо јато нервозни [[галеб|галеби]]. Одеднаш галебите ги напаѓаат сите присутни, кои спас наоѓаат криејќи се во куќата. Сериозни последици нема освен некоклу мали огреботини кај децата. Сите се збунети што се случува!?! Вечерта со затворени прозорци и врати сите се чувствуваат безбедно во куќата додека вечераат. Мајката Лидија забележува дека заљубените птици воопшто не сакаат да јадат. Одеднаш роеви гладни и нервозни [[Врапче камењарче|врапчиња]] влегуваат низ оџакот од каминот и ги напаѓаат присутните. Повторно, сериозни последици нема освен што сите се многу исплашени и вознемирени. Предизвикан е голем неред и штета во домот. Испаничени го повикуваат локалниот заменик шериф Ал Мелоун ([[Малком Етербури]]) кој ги разбира поплаките на Мич, верува дека е така, но не знае како би можел да им помогне. Евидентно е дека мајката Лидија жали за скапите искшени порцелански сервиси, почнувајќи суеверно да се сомнева дека сево ова птиците го прават предизвикани од Мелани. Мелани се решава да остане да ноќева кај Мич за да ја смири видно вознемирената Кати.
 
Утредента Мич не заминува на работа во [[Сан Франциско]], ниту пак Мелани заминува дома. Мич пали посевина во дворот за да предизвика чад кој би ги одвратил разбеснетите [[птици]] од нивниот дом, се додека ситуацијата не се смири. Истовремено мајка му Лидија не може да ја гледа Мелани во нивната куќа, нервозно со возило оди кајна комшијатафармата на соседот Дан Фоукот да го посети и провери штодали сеи случувакај него со неговитептиците се случуваат чудни птициработи. Влегувајќи во куќата на Дан, Лидија забележува голем неред. Прозорците се искшени, покуќнината уништена. Мртви галеби на сите страни. Во една од собите го наоѓа мртвото тело на Дан, крваво и масакрирано. Лудо вознемирена Лидија се враќа дома сакајќи да се смири, но грозните настани ја загрижуваат, што понатаму ако ова вака продолжи? Мелани оди во училиштето да види каква е таму ситуацијата, дали децата (и Кати со нив) се доволно безбедни. Не забележува ништо страшно. Чекајќи во дворот на клупа да заврши часот, јато нервозни гаврани се собираат на лулашките од училишниот двор и по околните бандери, но се е мирно, ништо не навестува дека ќе се случи напад кога децата ќе излезат од училиштето. Мелани со две раскрварени девојчиња спасот го наоѓа во едно возило, сите останати трчаат до локалната кафеана, а учителката Ани и Кати се упатуваат кон домот на Ани.
 
Во кафеаната доаѓаат многу од жителите на [[Бодега Беј]], додека дискутираат како би започнале војна против птиците, војна за која граѓаните се свесни дека не би можеле да ја добијат, но можеби времено би ги решила проблемите, надвор се случуваат напади од птици врз луѓето на улиците. Нападнати се и работниците на бензиската станица, предизвикани се експлозии на неколку автомобили (вклучувајќи го и автомобилот на Мич) и голем пожар. Ниту пожарникарите не можат да ја вршат својата работа. Мелани е во потрага по Кати, но се спасува од разбеснетите галеби влегувајќи во телефонска говорница. Ситуацијата се смирува, потрагата по Кати продолжува до куќата на учителката Ани каде во дворот Мич и Мелани го наоѓаат масакрираното тело на Ани од напади на гаврани. Кати видно вознемирена плачејќи излегува од куќата на својата учителка. Мич ги барикадира прозорците и вратите од својата куќа и пали голем оган во каминот за топлината да ги одврати птиците од напади преку оџакот. Сепак вечерта се случува уште еден крвав напад на птиците. Мелани е тешко повредена во обид да ги спречи птиците да продрат внатре преку таванската соба. Таа е во безсознание, Мич во последен момент наидува и ѝ го спасува животот. Преживуваат уште една ноќ полна со трауми. Решаваат да го напуштат местото.