Мерење: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 8:
Со исклучок на неколку навидум фундаментални [[квант]]ни [[Физичка константа|константи]], мерните единици се во суштина произволни, т.е. луѓето се тие што ги измислуваат и што се договараат да ги користат. Не постои ништо својствено за самата природа што диктира дека [[сантиметар]]от треба да ја има должината што ја има, или дека [[километар]]от е подобра единица за растојание од [[милја]]та. Со текот на времето луѓето почнале да договараат сè постандардизирани единици за да ги задоволат потребите на човечката цивилизација во развој, како заради усогласување, така и правно, за спречување на [[измама|измами]] во трговијата.
 
Денес мерните единици се дефинираат на научна основа под конрола на национални установи и во согласност со меѓународни договори и спогодби, од кои најзначајна е [[Генерална конференција за тегови и мерки|Генералната конференција за тегови и мерки]] (CGPM) која е започната во 1875 со Спогодбата за метарот и донесува одлуки за [[Меѓународен систем на мерни единици|Меѓународниот систем на мерни единици]] (SI). Системот е во надлежност на [[Меѓународно биро за тегови и мерки|Меѓународното биро за тегови и мерки]], кое го чува и [[килограм|меѓународниот килограмски еталон]] (прототип). Во 1983 организацијата го има предефинирано метарот како растојанието што ќе го пропатува светлината во слободен простор за {{дропка|1|299 792 458}} секунди. Во 1960 САД, Британија, Австралија и ЈАР договориле [[јардајард]]таот да изнесува точно 0,9144 метри.
 
===Национални стандардизациони организации===
Ред 41:
[[Податотека:Measuring_Jar.jpg|мини|десно|Бокал за мерење течност со поделоци во империјални и американски единици]]
{{Главна|Империјални единици}}
Пред поширокото усвојување на [[системот SI]], британските системи на [[англиски мерни единици]] и подоцна, (наречени и „англоамериканси“) единици се користеле во Британија, земјите од [[Комонвелт]]от и САД. Во САД, единиците од ваквиот систем се нарекува „[[американски мерни единици|обичајни единици]]“ и сè уште е нашироко застапен во САД и неколку [[Кариби|карипски]] земји. Американскиот систем историски произлегува од империјалниот, но многу од единиците имаат поразлични вредности. Покрај единиците од SI, во Британија се користат и извесен број на империјални единици. Во сообраќајот сè уште се користат [[милја|милји]], [[јарда|јардијард]]и и [[милја на час|милји на час]]; течностите за домаќинството се мерат во [[пинта (мерка)|пинти]]. Човечката висина се изразува во [[стапка (мерка)|стапки]] и [[инч]]и (палци), а телесната тежина во [[камен (единица)|камења]] и [[фунта (маса)|фунти]]. Империјалните единици се применуваат на неформална или полуформална основа и во земјите од Комонвелтот кои го имаат усвоено метричкиот систем: земјиштето се изразува во [[акр]]и, а просторот во [[квадратна стапка|квадратни стапки]]. Во некои од нив бензинот се точи на [[галон]]и.
 
== Поврзано ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мерење