Вања Лазарова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Извесно време работи во Операта при [[МНТ]], а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „[[Танец]]“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на [[МРТ]]. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во [[Алберт Хол]] во [[Лондон]] пред британската кралица [[Елизабета II]] и премиерот [[Винстон Черчил]]. Посебен придонес има во соработката со групата „[[Анастасија]]“ при создавањето на музиката за филмот „[[Пред дождот]]“ на [[Милчо Манчевски]]. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етно-музиката.
 
==Детство==
==Рано детство==
Вања Лазарова е родена во музички надарено семејство. Нејзиниот татко бил пратеник од времето на Кралството Југославија. По завршувањето на учителското училиште, станала играорка во „Танец“. Подоцна била учителка во оркестарот „Пеце Атанасовски“ каде на своите ученици ѝм ја пренесувала љубовта кон музиката.
 
==Музичка кариера==
Вања Лазарова пеела со различни фолк ансамбли. Била член на ансамблот на Македонската Радио и Телевизија, а има настапувано и со Македонската Филхармонија. Таа е првата македонска пеачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips. Добитник е повеќе интернационални музички награди.
 
Голем е нејзиниот придонес во музиката од филмот “Пред„Пред дождот”дождот“ на Милчо Манчевски кој доби награда Златен Лав на фестивалот во Венеција во 1994 г.
 
Продуцентската куќа Трето Уво ги издаде нејзините први три албуми: “Македонски традиционални љубовни песни“ - кој е дистрибуиран во Европа, Америка и Јапонија, “Ритмистика“ - во соработка со водечки македонски музички имиња и “Лулка“ - во соработка со американскиот гитарист Мирослав Тадиќ. Нејзиниот последен албум “Генофонија“ е соработка со групата Нав.