Добри Даскалов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
== Биографија ==
[[File:Cetata na Dobri Daskalov.tif|thumb|Четата на војводата Добри Даскалов]]
Добри Даскалов е роден во Кавадарци во свештеничко протестантско семејство. Основното образование и нижа трикласна гимназија завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во егзархиската гимназија во [[Солун]]. Од Солун своето образование го продолжил во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]], [[Бугарија]], каде, во учебната 1896/1897 година, се запишал на протестантското Железарско училиште заедно со [[Петар (Пешо)Самарџиев]] и [[Петар Јуруков]] . Tаму ја започнува својата револуционерна дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“.
 
Даскалов станал член на [[ТМОРО]] во [[1901]] година и бил борец во четите на [[Јане Сандански]] и на [[Христо Чернопеев]]. Учествувал во грабнувањето на [[мис Стон]], со која фамилијата Даскалови, како протестантска фамилија од порано имала добри пријателски и деловни врски.<ref>[http://www.mn.mk/makedonski-legendi/2926 „Добри Даскалов (1882-1912) „ние не се бориме за себе, туку за својот народ!“], „Македонска нација“</ref> Бил избран за делегат на [[Солунски конгрес од 1903 година|Солунскиот конгрес]], но не учествувал на него. Во [[Илинденското востание]] се бори во Тиквешијата. Во [[1904]] година учествува на [[Прилепскиот конгрес]] на ТМОРО, а во [[1905]] година - на [[Рилскиот конгрес]]. Во [[1908]] година учествува на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] на [[Умерено - конзервативна струја (МРО)|десницата]] на ВМОРО. По [[Младотурската револуција]], во [[1909]] година бил еден од основачите на [[Народната федеративна партија]] и член на нејзиното централно раководство.