Петар Самарџиев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
'''Доселување во Неготино и училишниот живот на Пешо.'''
 
По убиството на неговиот татко, Марија била принудена да се мажи во Неготино за Божин, на кого пред неколку години му умрела жената и му оставила две деца Цандо и Сута. Марија во новиот брак го донела осумгодишниот Пешо. По неколку години Марија и Божин добиле уште две дечиња Глигор и Роса. Седмочленото семејство иако имале деца од мешан брак, живееле во слога и мир. Малиот Пешо, по стравотните призори во селото можел да најде закрилник кај својот очув. Тој се грижел за неговото школување и издржување. Во тоа време во Неготино веќе имало формирано чаршија. Посебно за време на [[Кримската војна]] (1853-1856) градот брзо се развил. Со сплавови низ пловниот [[Вардар]] се пренесувало жито и други намирници за Турската војска. Градот спаѓа меѓу првите во Македонија во која била формирана месна организација на [[ТМРО]]. Првите членови се премени во лето 1894 год. од страна на [[Даме Груев]].
Пред очите на Пешо се одвивале грубите насилства на беговите, насекаде можело да се види грабежи ,убиства, малтертирање, понижување на македонското население. Во Неготино Пешо завршил трокласно училиште. По завршеното трокласно училиште Пешо оди на печалба во [[Румунија]]. Но не останува долго, од таму се преместува во Самоков каде што се запишува во [[Железарско училиште]].
 
'''Ученички години на [[Петар (Пешо) Самарџиев]] во железарското училиште во Самоков.'''
 
Престојот на Пешо во Самоков е од големо значење за формирање на револуционерниот лик, познанство со [[Добри Даскалов]], Петре[[Петар Јуруков]] и други ученици, се зачлениле во Тајниот револуционерен кружок, чита усилено напредна социјалистичка литература,постанува и социјалист,ќе го вети својот живот со повеќе ученици дека ќе се бори и ќе умре за национално и социјално ослободување на Македонија.
При крајот на 19 век некаде 1897 год. Пешо доаѓа во Самоков и се запишува во Железарско училиште. Најповеќе во училиштето другарува со [[Добри Даскалов]] и [[ПетатПетар Јуруков]]. Меѓу овие тројца се развива едно пријателство, нив никој не можел да ги раздели. Остануваат верни до крај еден на друг, а во понатамошната борба ќе војуваат заедно. Сите тројца стануваат членови на [[Тајниот револуционерен кружоккружоток]] основан од [[Гоце Делчев]]. Во 1901 год. е при крај на своето школување. Наместо да оди на работа, со своите 78 другари се приклучуваат во четата на [[Јане Сандански]].
 
'''Пешо—Борец во четата на [[Јане Сандански]].'''
Ред 39:
'''Учеството на Пешо на [[Прилепскиот подвижен конгрес]].'''
 
По [[Илинденското востание]] турската власт револтирана поради учеството на населението во борбите и во Организацијата презеде инквизиторски мерки. Затворите се преполни, а во нив врз луѓето се вршат измачувања. Многу од нив умираа од жестокото тепање. Во Тиквешијата и по востанието останаа борците меѓу населението. [[Петар Јуруков]] е сеуште војвода , а Пешо е со него. Пешо го осуди ставот на врховистите и понатаму остана да црпи сили со сите оние што страдаат. Добро му беа познати зборовите на [[Ѓорче Петров]]: “Ако сега во најтешките дни го напуштиме народот,тој ќе ја изгуби вербата во себе и ќе го вратиме делото за 500 години назад...” По катастрофата на Илинденското востание во пролетта Даме Груев испрати порака до нелегалните дејци да се воспостави револуционална организација во растроени реони. Во Мај 1904 год.
На врвот Мукос се одржала конференција која со право се нарече подготвителен конгрес. Беа присутни и делегати од [[Тиквешијата]] [[Добри Даскалов]], [[Петар (Пешо) Самарџиев]] и [[Петар Јуруков]]. Главна тема на конгресот е каква треба да биде иднината на македонскиот народ.