Разлика помеѓу преработките на „Microsoft“

Додаден 27.031 бајт ,  пред 6 години
превод од англиски јазик на македонски јазик на делот кој сеуште не е достапен на македонски јазик.
(превод од англиски јазик на македонски јазик на делот кој сеуште не е достапен на македонски јазик.)
| homepage = [http://www.microsoft.com/worldwide/ microsoft.com]
}}
Корпорацијата МајкрософтМикрософт (анг. Microsoft) е Американска мултинационална корпорација со главен штаб во Редмонд, Вашингтон. Мајкрософт произведува, лиценцира, продава и овозможува поддршка за компјутерски софтвер, потрошувачка електроника, персонални компјутери и сервисирање. Нивни најдобри производи се: оперативните системи Мајкрософт виндоус (анг. Microsoft Windows), комплетот Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office) и веб-прелистувачот Интернет Експлорер (анг. Internet Explorer). Нивните главни хардвер производи се играчката конзола Иксбокс (анг. Xbox) и серијата на таблети Мајкрософт Сурфејс (анг. Microsoft Surface). Мајкрософт е најголемиот произведувач на софтвер (анг. Software) сметано според приходи. Исто така Мајкрософт е една од најважните светски компании.
Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален на 4ти Април, 1975 за развивање и продажба на основни извршните програми за Алтер 8800 (анг. Altair). Мајкрософт израсна доволно за да доминира на пазарот на оперативни системи за персонални компјутери со МС-ДОС (анг. MS-DOS) кон средината на 1980тите, по кој дојде и Мајкрософт Виндоус (анг. Microsoft Windows). Првата јавна понуда на компанијата во 1986, следена од растот на цената на акциите, создаде 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените на Мајкрософт. Од 1990тите, Мајкрософт значајно се оддели од пазарот на оперативни системи и откупи голем број на корпорации. Во Мај 2011, Мајкрософт ја откупи Скајп Технолоџис (анг. Skype Technologies) за 8.5 милјарди долари, што претставува нивно најголемо откупување досега.
Од 2013, Мајкрософт е доминантен на пазарот на оперативни системи компатибилни со ИБМ (анг. IBM) и пазарот на канцелариски софтвер (со софтверот Мајкрософт Офис). Компанијата исто така произведува голем број на разнолик софтвер за персонални копјутери и сервери, и исто така е активна во полиња како што се Интернет-пребарувањето (со интернет пребарувачот Бинг), индустријата за видео игри (со Иксбокс, Иксбокс 360 и Иксбокс 1 конзолите), маркетот на дигитални услуги (преку МСН), мобилните телефони (преку оперативниот систем Виндоус Фоун [анг. Windows Phone]). Во Јуни 2012, Мајкрософт за првпат влезе во пазарот на производство на персонални компјутери со лансирањето на Мајкрософт Сурфејс (асортиман на таблети).
==Култура==
Техничките упатства за девелоперите и артикли од различни Мајкрософт магазини, како што е Мајкрософт Системс Журнал (анг. Microsoft Systems Journal) се достапни преку Мајкрософт Мрежата за Девелопери (анг. Microsoft Developer Network). Оваа мрежа исто така така нуди претплата за компании и индивидуалци, а поскапите претплати нудат пристап до бета верзии на Мајкрософт софтвер пред тој да буде пуштен во јавна употреба. Во Април, 2004, Мајкрософт пушти во употреба веб-сајт за девелопери и корисници, наречен Канал9 (анг. Channel9), на кој има wiki (уредување на артиклите од страна на корисниците) и Интернет форум (анг. Internet forum). Друг веб-сајт кој овозможува пристап до секојдневни видео-преноси и други услуги, On10.net , беше пуштен во употреба на 3ти Март, 2006. Бесплатна техничка подршка е обезбедена преку онлајн групата за новости Јуснет (анг. Usenet), и КомпуСерв (анг. CompuServe) во минатото, кои се надгледувани од вработени во Мајкрософт; може да постојат повеќе различни групи за новости за еден ист продукт. Луѓето кои се корисни за овие форуми и групи добиваат положба на MVP (Microsoft Most Valuable Professional) од страна на вработени во Мајкрософт. Ова им овозможува да добијат специјален социјален статус и им отвора можности за добивање награди и други бенефиции.
 
==Критика==
Микрософт постојано добива критики (анг. Microsoft) заради различните гледишта кон нивниот начин на работа и нивните производи. Олеснето користење, стабилност, и безбедноста на софтверот се едни од најчестите мети на критика. Во последно време, тројанските вируси и други експлоити заразија голем број на корисници заради недостатоци во безбедносниот систем на Микрософт Виндоус (анг. Microsoft Windows) и недостатоци во некои други програми на Микрософт. Исто така, Микрософт е обвинет за присилување на трговци да работат само со нивни производи, и за избегнување постоечките стандарди при создавање на нивниот софтвер. Споредбата на целокупните трошоци со Линукс (анг. Linux), како и на OS X со Виндоус (анг. Windows), се постојана точка на дебата.
Компанијата е тужена повеќе пати од страна на неколку влади и други компании заради против-законска работа како монополска компанија. Во 2004, Европската Унија го осуди Микрософт за ба во случајот кој стана познат низ целиот свет. Често е критикуван и договорот кој треба да биде прифатен од страна на корисниците за да користат услуги и сервиси на Микрософт. Се смета дека овој договор премногу ги ограничува корисниците и дека Микрософт е против создавање и употреба на софтвер со отворен код (за ре-програмирање).
Микрософт, заедно со Јахоо (анг. Yahoo), АОЛ (енг. AOL), Гоогле (анг. Google) и други, е критикуван заради нивната вмешаност во употребата на цензура во Кина. Микрософт исто таке е критикуван заради изнајмување компании од Кина и Индија да ја вршат нивната работа. Постојат извештаи дека условите во една компанија во Кина (која ги произведува некои од производите на Микрософт) се ужасни.
 
==Корпорациски афери==
Компанијата е предводена од борд на директори, воглавно составен од неутрални лица, како што е вообичаено за јавно-тргуваните компании. Сметајќи од Февруари, 2014 - членови на бордот на директори се: Џон Томпсон (анг. John W. Thompson) , Стив Балмер (анг. Steve Balmer), Дина Даблон (анг. Dina Dublon), Бил Гејтс (анг. Бил Гејтс), Мариа Клав (анг. Maria Klawe), Стивен Лузо (анг. Stephen Luczo), Дејвид Маркварт (анг. David Marquardt), Месон Морфит (анг. Mason Morfit), Сатја Надела (анг. Satya Nadella), Чарлс Носки (анг. Charles Noski) и Хелмут Пенк (анг. Helmut Panke). Членовите на бордот на директори се избираат секоја година на годишното среќавање на акционерите. Се употребува систем на мнозинско гласање.
Постојат 5 комитети во склоп на бордот кои се надгледуваат специфични работи. Во овие комитети спаѓаат: Комитетот за Проверка (анг. Audit Committee), кој се справува со сметководствените проблеми на компанијата, вклучувајќи проверка и извештување; Комитетот за надоместоци (анг. Compensation Committee), кој ја одредува платата на извршниот директот на компанијата, како и на другите вработени во компанијата; Комитетот за финансии (анг. Finance Committee), кој е задолжен за финанските зделки, (како што се спојување со други компании и откупување на други компании); Комитетот за Номинирање (анг. Nominating Committee), кој е воглавно задолжен за номинирање на членови за бордот на директори; и Комитетот за Соработка (анг. Antitrus Compliance Division), кој има задача да ја спречи компанијата од прекршување на некој закон.
 
Кога Мајкрософт ја лансираше својата прва јавна понуда на акции (анг. Initial public offering) во 1986, првобитната цена за една акција беше 21 долар; откако денот на тргување заврши - една акција вредеше 27.75 долари. Сметајки од Јули, 2010 (со девет-кратната поделба на акциите), вредноста на секоја акција купена на првобитно отварање се зголеми за 288 пати; ако некој би купил една акција денес (вклучувајќи ги поделбите и другите фактори) би платил само 9 центи. Цената на акциите го достигна својот врв во 1999 со цена од околу 199 долари (60.928 при порамнување за акциите под влијание на девет-кратната поделба). Компанијата почна да дава дивиденда на 16ти Јануари, 2003, започнувајќи со 8 центи по акција за фискалната година, која беше следена со дивиденда од 16 центи по акција за следната година. Во 2005 година Микрософт го промени системот на исплаќање од годишна дивиденда – во тромесечна дивиденда од 8 центи за едно тромесечие и специјална еднократна исплата од 3 долари по акција за второто тромесечие на фискалната година. Иако дивидентните исплати се зголемуваа со текот на годините во компанијата, цената на акциите остана сталожена со години.
Една од бизнис тактиките на Микрософт, опишана од еден извршител како “преземи, измени, елиминирај” (анг. “embrace, extend and extinguish), прво презема некој стандард или производ од конкурентска компанија, потоа го изменува и произведува своја верзија која не е во склад со стандардот, што на крај резултира со елиминирање на конкуренцијата која не е во можност да ја користи новата верзија произведена од Микрософт. Голем број на компании и влади го тужат Микрософт заради оваа тактика и овој начин на работа, што резултира со милјардерски тужби против компанијата. Микрософт тврди дека оригиналната стратегија не е анти-конкурентска, туку начин дискретно да се вметнат некои карактеристики за кои Микрософт верува дека се барани од клиентите.
 
===Финансии===
Стандард енд Поор’с (анг. Standard and Poor’s) и Мооди’с (анг. Moody’s) му дадоа ААА рејтинг на Микрософт, чии средства се проценети на 41 милјарди долари, во споредба со нивните кредити кои се само 8.5 милјарди долари. По ова, во Февруари 2011 година, Микрософт пушти во употреба корпорациски меници во вредност од 2.25 милјарди долари со релативно помала каматна стапка споредена со државните меници.
За првпат во 20 години Аппле Инц. (анг. Apple Inc.) го надмина Микрософт со профит и приход во првото тромесечие на 2011 година заради опаднатата продажба на персонални компјутери и постојаните загуби на Онлајн Дивизијата на Микрософт [во која спаѓа и пребарувачот Бинг (анг. Bing)]. Профитот на Микрософт беше 5.2 милјарди долари, додека профитот на Аппле Инц. беше околу 6 милјарди долари, при приходи од 14.5 милјарди долари на прво-споменатата компанија и 24.7 милјарди долари на второ-споменатата компанија.
Дивизијата за Онлајн Услуги на Микрософт (анг. Microsoft’s Online Services Division) постојатно носеше загуби почнувајќи од 2006 и во провото тромесечие на 2011 изгуби 726 милиони долари. Ова следеше по загубата од 2.5 милјарди долари во 2010 година. На 20ти Јули, 2012 година Микрософт ја објави својата прва тромесечна загуба, и покрај огромните приходи за спомнатото тромесечие и за фискалната година. Нето загубата изнесуваше 492 милиони долари заради намалувањето на вредноста на маркетинг компанијата аКуантиве (анг. aQuantive) која беше откупена за 6.2 милјарди долари во 2007 година.
Сметајќи од Јануари, 2014 година пазарната вредност на Микрософт изнесува 314 милјарди долари, што ја прави осма најголема компанија во светот по пазарна вредност.
 
===Околина===
Во 2011 година, Гринпис (анг. Greenpeace) објави извештај во кој беа специфицирани 10те најголеми брендови кои хостираат податоци. Во тоа време, складовите за чување на податоци искористуваа до 2% од целата електрична енергија во светот, а се очекуваше и зголемување на овие бројки. Фил Радфорд (анг. Phil Radford) од Гринпис рече “загрижени сме поради ова зголемено искористување на електричната енергија и се плашиме дека ова може да не задржи на старите, загадувачки енергетски извори наместо да води кон зголемена употреба на новата “чиста” електрична енергија која е достапна денес. Амазон (анг. Amazon), Микрософт и другите светски лидери во информатичката технологија мора да прифатат имплементирање на новата чиста електрична енергија во своите податочни центри.”
Микрософт е рангиран на 17тото место во Водичот кон Чиста (Зелена) Електроника објавен од Гринпис (анг. Greenpeace’s Guide to Greener Electronics) која рангира 18 произведувачи на електроника според нивнитa политика за справување со токсични хемикалии, рециклирање и климатски промени. Микрософт објави план според која ќе се води и постепено ќе ги елиминира штетните материјали од нивните производи. Во Јануари, 2011 година, Микрософт сеуште немаше ниту еден продукт кој е целосно без штетни материјали [како ПВЦ (анг. PVC) и БФР (анг. BFR).]
Во 2008 година главниот кампус на Микрософт, кој е лоциран во Соединетите Американски Држави, доби сребрен сертификат од Предводничката Програма за Енергија и Просторен Дизајн (анг. Leadership in Energy and Enviromental Design). Кампусот инсталира преку 2000 соларни панели на крововите од своите згради во кампусот во Силиконската Долина (анг. Silicon Valley), генерирајќи околу 15 проценти од целосната потребна енергија за работа на кампусот во Април, 2005 година.
Микрософт користи алтернативни транзитни методи. Микрософт го создаде едниот од најголемите автобуски системи, Поврзувачот (анг. The Connector), за да пренесува луѓе од и до компанијата; за транспорт низ кампусот, го создаде Шатл Конект (анг. Shuttle Connect), кој користи голема флота на хибридни возила со цел да се заштеди на гориво. Компанијата исто така го потпомага јавниот транспорт со парични стимулации. Сепак во Февруари, 2010 година Микрософт изрази противење на одлуката да се зголеми капацитетот на јавниот транспорт и бројот на ленти кој води кон мостот кој ги спојува Редмонд (анг. Redmond) и Сиетл (анг. Seattle); компанијата не сакаше да трпи подолго одолговлечување.
Микрософт беше рангиран на прво место според листата Најдобри Мултинационални Работни Места во Светот (анг. World’s Best Multinational Workplaces) во 2011 година.
 
===Маркетинг===
Во 2004, Микрософт задолжи неколку фирми за истражување да направат самостојни истражувања во кои ќе ги споредат целосните трошоци на еден корисник на Виндоус Сервер 2003 (анг. Windows Server 2003) и еден корисник на Линукс (анг. Linux); фирмите заклучија дека многу компании сметаат дека Виндоус е многу полесен за користење и за администрација отколку Линукс. Исто така беше заклучено дека корисниците на Виндоус исто така можат побрзо да ја завршат својата работа, што резултира со помали финални трошоци за еден корисник. Ова предизвика бура од слични истражувања; истражување од Јенки Групацијата (анг. Yankee Group) заклучи дека префрлањето од постара верзија на Виндоус Сервер на понова би чинело многу повеќе отколку префрлање од Виндоус Сервер на Линукс. Компаниите кои беа интервјуирани предупредија дека Линус нема сто-постотна сигурност, додека пак Микрософт ги заклучува своите корисници во својот круг принудувајќи ги да користат само производи на Микрософт. Според друго истражување направено од страна на ОСДЛ (анг. OSDL), се констатираше дека истражувањата нарачани од страна на Микрософт се застарени и прикажани само од една гледна точка. Исто така констатирано е дека целосните трошоци на Линукс се помали бидејќи администраторите на Линукс можат да одржуваат повеќе сервери истовремено и заради други причини.
Како дел од кампањата Дознај ги Фактите (анг. Get the Facts), Микрософт потсети на платформата за тргување наречена НЕТ (анг. NET), која ја разви во партнерство со Аццентуре (анг. Accenture) за Лондонската Берза за тргување со Акции (анг. London Stock Exchange), за која се тврдеше дека обезбедува стабилност од 5 деветки (99.999%). По долгото време на застој и нестабилност во 2009 година, Лондонската Берза за тргување со акции објави дека планира да го отфрли производот на Микрософт и да се префрли на Линукс во 2010 година.
Во 2012 година, Микрософт го вработи политичкиот истражувач Марк Пен (анг. Mark Penn) како потпретседател во одделот за Маркетинг и Стратегија. Њу Јорк Тајмс (анг. New York Times) го сметаше Марк Пен за личност која ги прегазува своите политички противници. Пен направи серија на негативни реклами кои беа насочени кон еден од главните конкуренти на Микрососфт, Гоогле. Рекламите, кои беа нарелени “Scroogled”, наговестуваа дека Гоогле пробува да ги зафркне своите клиенти со резултати од пребарувањето кои се наместени да ги фаворизираат компаниите кои плаќаат на Гоогле за да добијат рекламен простор. Исто така се наговестува дека Гмаил (анг. Gmail) навлегува во приватноста на своите клиенти за да им прикаже реклами кои се поврзани со нивните навики за купување, со цел да се фаворизираат продуктите на Гоогле и компаниите кои се рекламираат на Гоогле. Издавачките куќи од областа на технологијата, како Тех Кранч (анг. Tech Crunch) ја критикуваа оваа рекламна кампања, додека вработените во Гоогле мирно ја прифатија.
 
===Соработка со Владата на Соединетите Американски Држави===
Микрософт прво доставува информации за пронајдените грешки во нивниот софтвер до службите на САД, пред да ги пушти во употреба подобрените софтвери во кои претходно пронајдените грешки се елиминирани. Портпарол на Микрософт изјави дека во корпорацијата постојат неколку програми кои соработуваат со Владата на САД и ги делат ваквите информации со нив.
По извештаите низ медиумите за ПРИСМ (анг. PRISM) [огромната програма на НСА (анг. NSA) за надгледување] во Мај 2013 година неколку компании беа идентификувани како учесници, помеѓу кои беше и Микрософт. Според извештаите од програмата, Микрософт се приклучил на ПРИСМ програмата во 2007 година. Сепак, во Јуни 2013 година, во официјално соопштение Микрософт цврсто негираше каква било нивна поврзаност со оваа програма.
“Ние ги делиме корисничките податоци само кога добиваме судски налог или судска покана за тоа, и никогаш не делиме податоци самоволно. Освен ова, ние прифаќаме само налози кои се за некои одредени кориснички сметки. Ако владата има некоја поголема национална програма за собирање на кориснички податоци, ние не сме дел од неа.”
Во првите 6 месеци од 2013 година, Микрософт добил налози кои директно влијаеа на 15,000 до 15,999 налози.
 
===Лого===
Микрософт го презеде така-нареченото Пак-Ман Лого (анг. Pac-Man Logo), дизајнирано од Скот Бејкер (анг. Scott Baker) во 1987 година. Бејкер нагласи дека новото лого, кое е изработено со Хелветика закосен слог (анг. Helvetica italic typeface) , има закосена црта помеѓу О и С за да се нагласи подвижноста и брзината на компанијата. Дејв Норис (анг. Dave Norris) започна кампања за зачувување на старото лого на Микрософт (која всушност беше внатрешна шега во компанијата). Старото лого беше зелено, со сите големи букви, и имаше екстравагантна буква О - наречена блиббет (анг. Blibbet), која подоцна беше отрфрлена. Логото на Микрософт со натписот “Ваш потенцијал. Наша страст” (анг. Your potential. Our passion) под главното име на корпорацијата, е слоган кој Микрософт го користеше во 2008 година. Во 2002 година, компанијата започна да го користи новото лого во Соединетите Американски Држави и подоцна започна ТВ кампања со новиот слоган, наместо стариот “Каде сакаш да одиш денес?” (анг. Where do you want to go today?). За време на приватната конференција на Микрософт (анг. Microsoft Global Exchange) во 2010 година, Микрософт го најави новиот слоган на компанијата наречен “Биди тоа што следи” (анг. Be What’s Next).
На 23ти Август, 2012, Микрософт го прикажа своето ново корпоративно лого за време на отварањето на 23тата Микрософт продавница во Бостон, најавувајќи ја промената на фокусот на компанијата – од класичниот стил кон новиот модерен и егоцентричен стил на интерфејс кој ќе се користи на Виндоус платформите за телефони, на Иксбокс 360 (анг. Xbox 360), на Виндоус 8 и на следните Офис комплети. Новото лого исто така вклучува и 4 квадрати со боите на претходното Виндоус лого. Сепак ова лого не е целосно ново бидејќи се користеше во рекламите за Виндоус 95 (анг. Windows 95) кон средината на 90тите.
 
== Наводи ==
{{reflist}}
3

уредувања