Црвен крст и Црвена полумесечина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 160:
Мисијата на Меѓународното движење формулирана во документот „Стратегија 2010“ е ''да ги подобри животите на ранливите луѓе преку мобилизирањето на моќта на хуманоста''. Во 2003, 28.-та меѓународна конференција го усвои мотото на конференцијата ''Го штитиме човечкиот дигнитет''. како нов слоган на Движењето.
 
На 16.XVI Меѓународна конференција во Лондон во 1938 г. е одлучено 8. мај, роденденот на [[Анри Динан]], да биде комеморација и прослава како ден на Движењето, и тој ден, од 1984 г., се слави како Светски ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.
 
Во Солферино се наоѓа и споменик на Црвениот Крст, подигнат во 1959, на 100-годишнината од Битката кај Солферино. Во Кастиљоне деле Стивиере, мало гратче до Солферино, во 1959. е отворен и Музеј на Црвениот Крст. Покрај тоа, уште еден музеј, Музејот на Меѓународниот Црвен Крст и Црвена Полумесечина постои во Женева, близу до седиштето на МКЦК. Конечно, и во гратчето Хајден во Швајцарија постои Музеј на Анри Динан посветен на основачот на Движењето.