Собирање: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Брише hu:Összegzés (strong connection between (2) mk:Собирање and hu:Összeadás (egyértelműsítő lap))
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
[[Податотека:Addition01.svg|мини|десно|120п|3 + 2 = 5 претставен со [[јаболко|јаболка]]]]
 
'''Собирањето''' е [[аритметика|аритметичка операција]] со чија помош се наоѓа број кој содржи онолку единици колку што содржат двата или повеќе броја заедно.<ref>{{цитирана книга|last=Андреевски|first=Венцислав П.|title=Прирачник за математички поими и формули|publisher=Винсент графика|location=Скопје|date=2007|pages=54|chapter=3.2.1. Собирање|isbn=978-9989-2474-4-6}}</ref> Се означува со знакот „плус“ ('''+'''). На пример, на сликата десно има 3 + 2 јаболка — што значи три јаболка и уште две јаболка - исто што и пет јаболка. Затоа, 3 + 2 = 5. Освен броење на предмети, собирањето претставува здружување и на апстрактни величини како разни видови броеви: [[негативен број|негативни броеви]], [[дропка|дропки]], [[ирационален број|ирационални броеви]], [[вектор]]и, децимали и друго. Величините (броевите) што се собираат се нарекуваат '''собироци''', а еезултатот се нарекува '''збир'''.
 
Операцијата собирање следи извесни правила. Тоа е [[комутативност|комутативно]], што значи дека редоследот не е важен и [[асоцијативност|асоцијативно]], што значи дека кога собираме повеќе од два броја, редоследот исто така не е важен. Постојаното собирање на бројот [[1 (број)|1]] сам со себе е исто што и [[броење]]. Собирањето со [[0 (број)|0]] не го менува бројот. Оваа операција исто така се поведува по правилата за сродните операции како [[одземање]]то и [[множење]]то. Сите овие правила можат да се [[доказ (математика)|докажат]], почнувајќи со собирањето на природни броеви, па воопштувајќи до [[реален број|реалните броеви]] и оние по нив. Општите [[бинарна операција|бинарни операции]] што ги продолжуваат овие шеми се изучуваат во [[апстрактна алгебра|апстрактната алгебра]].