'''ПеттиотПетти Вселенскивселенски собор''' ([[грчки]]:— ''Η Ε΄ Οικουμενική Σύνοδος; Δεύτερη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης'' - Втор Константинополскидуховен собор) бил наречен соборот кој се одржал од [[5 мај]] до [[4 јуни]] [[553]] година во [[Константинопол]], во време на императорот [[Јустинијан I]] ([[527]]-[[565]]). На овој собор не се зборувало за некоја нова ерес, туку на нов начин се разгледувани проблемите со монофизитите, несторијанците и оригенистите. Императорот направил обид да ги врати монофизитите во црквата. За таа цел, била одржана средба на православни и монофизитски богослови во [[532]] година. За монофизитската страна било несфатливо осудувањето на [[Несториј Константинополски]] од страна на црквата, а одбегнувањето на предавање на осуда на неговиот учител, [[Диодор Тарсиски]], како [[Теодор Мопсуетски]] и [[Иво Едески]]<ref>{{цитирана книга|last=Давитковски|first=Петар|title=Историја на христијанската црква II дел|publisher=Скопје|location=Скопје|date=1987}}</ref>, кои јавно го поддржале Несториј. Црквата направила исчекор, и прифатила повторно подетално да расправа за овие три личности од петтиот век, еден век подоцна.
На овој собор присуствувале 160 Отци. Најстарите од нив биле: [[Евтихиј Константинополски]], [[Аполинариј Александриски]], [[Домн Антиохиски]] и [[Дамјан Созополитски]]. Соборот ги потврдил осудите на несторијанската и монофизитската ерес, донесени на Третиот и Четвртиот вселенски собор.