Волфганг Амадеус Моцарт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 77.28.73.160) и вратена преработката 3211615 на 77.28.107.175
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
'''Волфганг Амадеус Моцарт''' ([[герм.]] ''Wolfgang Amadeus Mozart''; [[Салцбург]], {{роден на|27|јануари|1756}} - {{починал на|5|декември|1791}} во {{починал во|Виена|}}) е голем [[Австрија|австриски]] [[композитор]], автор на повеќе музички дела, се смета за еден од најголемите [[композитор]]и на [[европска класична музика]]. Тој создал неверојатно големо дело на [[камерна музика|камерни]], [[симфонија|симфониски]], [[религиозна музика|религиозни]] и [[опера|оперски]] дела за различни соло инструменти, особено за [[пијано]]. Иако бил не многу малку ценет за време на неговиот животен век, Моцарт го обожавале многу подоцнежни композитори.
Tој можел да свири со рацете од позади.Некои го нарекувале чудо од дете. И покрај тоа сто добивал нервни напади во текот на својот краток живот напишал дури 179 оргинални композиции.
Без размислување еден од најгенијалните композитори во историјата на класичната музиката. Неговиот опус е грандиозен и безвремен, со огромно влијание врз музичкото творештво на многумина знаменити композитори по него во минатото и денес (Фредрик Шопен, Франц Шуберт, Петар Илич Чајковски, Роберт Шуман, Густав Малер и др.).
Сите негови биографи без исклучок започнуваат со „чудо од дете“, потоа момче кое попрво ги познавал нотите одошто буквите, а до крајот на својот мошне краток живот создал за многумина несфатливо голем број на дела- над 600 од најразлични жанри!
Волфганг Амадеус Моцарт е роден во Салцбург, Австрија, на 27. јануари 1756., а умрел на 5. декември 1791. во Виена.
Имал само 3 години кога почнал да компонира едноставни песнички, а на 5 почнал да одржува концерти.
Имал исклучително музичко детство. Мошне рано стекнал посебно музичко образование, за што секако придонел фактот дека неговиот татко Леополд бил признат и познат музичар- виолинист, композитор, учител. Поради забележаниот изненадувачки брз развој на Моцартовиот музички талент, тој брзо ја запоставува личната кариера за целосно да му се посвети на синот. Точна проценка на човек кој ги знаел и умеел да ги препознава музичките вредности: раната голема музичка зрелост на Волфганг набрзо ќе биде откриена пред очите на светот.
На само 4 години тој го одушевил Леополд свирејќи наизуст неколку дела на чембало. На 5 години првпат јавно настапува во Салцбург, а со импровизацијата, леснотијата во изведбата на најкомплицирани музички лекции малиот гениј ги освојува дури и најсомничавите музичари. 4 месеци подоцна, на настап кај принцот на избраниот на Баварија Емануел III го поздравуваат како „божествен“.
Во октомври 1762. година Волфганг Амадеус Моцарт, во придружба на сестра му Нанерл и татко му Леополд двапати свири во дворецот Шенбурн за царицата Марија Терезија. Таа како награда ќе им дарува свечени костуми кои им припаѓале на нејзини деца. На почетокот од 1763. се враќаат во Салцбург, а под будното око на Леополд Волфганг го проширува своето музичко образование- до совршенство ги „освојува“ инструментите чембало виолина, но и компонирањето
 
Волфганг Амадеус Моцарт немал ниту 9 години кога во Лондон ги објавил своите први симфонии, првите сонати за чембало, првите вокални дела, како и првите концерти. По враќањето во родниот Салцбург тој ќе ја освои цела музичка Европа: Холандија, Франција, Швајцарија, но едновремено интензивно продолжува неговото усовршување на техниките неопходни за компонирање.
На 11 години тој веќе фантазира за компонирање на опера. За таа цел татко му одлучува да заминат во Виена, но мораат веднаш да бегаат од епидемијата на големи сипаници во тој град. Се враќаат во него во јануари 1768.. Ги прима царот кој од Моцарт ја нарачува неговата прва опера „Едноставна измама“ („La Finta semplice“)., Партитурата за неа ја предава по само 3 месеци, но настануваат проблеми: музичарите силно се противат да го изведуваат ова дело од страв дека ќе ја изгубат работата. Дури и Кристоф Вилибалд Глук, како службена Моцартова поткрепа, изгледал преплашен од можноста дека конкурент со такви способности ќе постигне голем успех во Виена, и тоа толку млад.
По враќањето во Салцбург, Волфганг компонира бројни партитури за црковна музика, но притоа чувствува дека операта дефинитивно го привлекува посилно, а уште повеќе Италија. Затоа Леополд ќе организира турнеја за својот син, при што ќе ги посетат Милано, Верона, Кремона, Рим, Фиренца, Неапол...
 
Се верува дека по големо невреме на 7. декември Моцартовото тело е пренесено до селските гробишта, оддалечени 5 километри од Виена. Погребан е без никаков обред, дури и без присуство на свештеник. Неговата жена нарачала најскромен погреб, во заедничка гробница за 7 мртви, зашто останала без пари. Неговиот гроб не бил обележан, па така и останало. 7 години подоцна работници ја прекопале заедничката гробница, па не останала речиси никаква трага за тоа дека телото на Моцарт престојувало на овој свет. Останала неговата музика.
Сепак, срмтта на Моцарт не останала незабележана. Во весниците е објавен текст за „смртта на еден од најталентираните музичари во Европа кој уште како дете го воодушеви светот“.
Дали и кој го отрул Моцарт?
Фридрих Роклиц, музички издавач, 7 години по Моцартовата смрт напишал текст за еден таинствен настан: во летото на 1791. непознат посетител со кочија дошол до Моцартовиот дом и нарачал од композиторот посмртна миса (реквием) за лице кое му било посебно драго. Наводно, Моцарт зел еден дел од парите однапред и почнал да пишува. Пишувал деноноќно. Неговото тело повеќе не можело да издржи толкав напор. Така еден ден едноставно умрел над недовршениот ракопис на реквиемот.
Отприлика во исто време англискиот музички издавач Винсент Новело објави содржина на разговор со Моцартовата вдовица Констанца, чиј втор сопруг, данскиот дипломат Георг Нисен напишал Моцартова биографија. Таа наводно на Новело му рекла дека 6 месеци пред смртта големиот гениј почнала да го опседнува мислата дека некој го труе: „Знам дека наскоро морам да умрам. Ми се чини дека некој постојано наместо вода ми потставува да пијам acqua toffana. Тоа лице го пресметало точното време на мојата смрт и поради тоа го нарачало реквиемот. Јас всушност го пишувам за себе си...“.
Инаку, acqua toffana бил отров, безбојна течност која првпат ја направила една Италијанка во Неапол по име Тофана. Таа во 17. век се занимавала со правење на разноразни козметички средства и мириси. Тврдела дека нејзината волшебна водичка поткенува од гробот на свети Никола во Бари и оти има чудотворна моќ. Овој „напиток“ многумина несреќници испратил на другиот свет.
Во едно писмо без датум Моцартовиот син Карл Томас (кој имал 7 години кога умрел татко му) напишал дека неколку дена пред да умре Моцартовото тело било толку отечено што не можел да направи ниедно движење.
Како еден од можните трујачи е назначен угледниот композитор Антонио Салиери, дворски музичар. Меѓутоа, се чини дека тие приказни се без основа. Имено, Салиери бил имашен и на подобра позиција од Моцарт, па не е видлива причината за омраза. Освен тоа, Моцарт спрема Салиери бил мошне пријателски расположен. Тој по Салиери и неговата тогашна љубовница лично испратил кочија за да дојдат на премиера на операта „Волшебната флејта“ во кобната 1791. година.
Стотина години подоцна забуна повторно внел рускиот поет Александар Пушкин, кој го напишал краткото драмско дело „Моцарт и Салиери“. Во него тој изнесува претпоставки за завера и труење, поточно за големата завидливост на Салиери. Зашто, според Пушкин, на сите им било јасно дека Моцарт е поталентиран од дворскиот композитор, без оглед што на Салиеревата страна биле и јавни признанија и пари.
Рускиот композитор Николај Римски Корсаков (1844-1908) во 1898. Пушкиновата драма ја преточил во опера.
80 години подоцна Питер Сефер напишал нова драма за завидливоста на Салиери, всушност уметничка студија за односот на просечните спрема натпросечните. Во 1984. таа му послужила на режисерот Милош Форман како основа за филмско сценарио. Филмот освои највисоки признанија, дури 8 Оскари.
Помеѓу мноштвото претпоставки за труењето е откриено кој бил таинствениот нарачател на посмртната миса: грофот Франц фон Валсег Ступак, кому во 1791. му умрела 20- годишна сопруга. Тој кај Моцарт испратил свој пратеник и го нарачал славниот „Реквием“.
Се смета дека на композиторот му се слошило на 20. ноември 1791., а умрел 15 дена подоцна. Неговиот лекар Томас Франц Клосет и помошникот Матијас фон Салаба дале се од себе да го излечат. Тврделе дека боледува од „hitziges freiselfieber“, некој вид на жестока „војничка грозница“. Таквата дијагноза ни тогаш не значела многу, како ни денес. Укажувала на висока телесна температура, осип, потење, но тоа биле вообичаени придужни појави на речиси секоја грозница.
Подготвувајќи се да напише Моцартова биографија, веќе спомнатиот Георг Нисен примил писмо од сестрата на Констанца, Софија. Таа ги опишала последните Моцартови денови: лежел во кошула за спиење додека телото му отекувало. Тврдел дека во устата веќе го чувствува вкусот на сопствената смрт. Лекарите наложиле постојано да му се ставаат студени облоги на челото. Тоа како сосема да го уништило. Ја изгубил свеста и пред да ја испушти душата никого не успевал да препознава. Последното што го изговорил било обид да имитира тимпани како свират во „Реквием“. Нисен во биографијата дава уште еден драгоцен медицински податок: дека Моцарт непрестано повраќал неколку дена.
Некои научници ја наведуваат можноста дека имал болни бубрези, што донекаде го објаснува отекувањето. Бубрежна инфекција би можела да предизвика смрт каква што ја опишуваат Моцартовите современици. Можно е да имал и ревматска грозница или дека заболел од воспаление на ткивото што ги обложува срцевите шуплини (ендокардитис).
Најнови лекарски теории: причина за Моцартовата смерт би можела да биде трихинелоза, тешко заболување на цревата и мускулите на некои животни, а посебно на свињите, предизвикано од трихинела. Со други зборови, тешко труење со свинско месо. (Trichinella spiralis е минијатурна глиста која живее паразитски во цревата и мускулите на животните, пред се на свињите, но и на луѓето предизвикувајќи опасно заболување.) Болеста првпат е официјално откриена во Лондон во 1825. година. Денес трихинелозата е честа болест и ретко кога има кобен исход, зашто постојат лекови кои успешно ги лечат заразените лица. Инаку, знаците на болеста се токму онакви какви што ги опишале Моцартовите современици.
Моцартови забелешки говорат дека најмногу сакал да јаде свинско и прасечко. Во писмо напишано до Констанца на 7. октомври во кобната 1791. година, 44 дена пред да се разболи, Моцарт пишува:
„Што јас мирисам? Свински котлети? Che gusto! (Каков прекрасен вкус!) Ќе ги изедам во твое здравје!“
Ако причина за смртта на композиторот била трихинелоза, чија инкубација трае до 50 дена, Моцарт веројатно непогрешливо самиот ја означил причината за својата смрт!
На денот на погребот, Виена не му се оддолжила на човекот кој нејзиното име го прославил низ целиот светот. Моцарт бил погребан во заедничката гробница за сиромашни, а неговиот сандак никој не го испратил, освен неговото куче. Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Жуан“.<ref>{{harvnb|Landon|1990|p=171}}</ref>