Евренос-бег: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Тиверополник ја премести страницата Гази Евренос на Евренос Бег
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Починал во околу 1400 година. Според османлиските легенди во 1417 година на 129 години, во Ениџе Вардар, денешна Јанина. Неговите наследници служеле на империјата до Балканските војни.
 
==Легендата за Дојран==
 
Војската на Евренос бег по Маричката битка заминала на исток помеѓу планините Беласица и Круша. Бидејќи било зима, езерото било замрзнато и покриено со дебела снежна покривка. Изгледало како големо рамно поле. По наредба на Евренос бег војската поминала преку полето на запад и стигнала до градот Полин. Од жителите на тогашниот град турската војска била пречекана чудејки се од каде дошла. Евренос бег објаснил дека дошол од кај "полето", покажувајки кон езерото. Од населението било објаснето дека тоа не е "поле" туку езеро, замрзнато езеро и покриено со снег и изгледа како поле. Одкако бегот разбрал дека среќно поминал преку езерото со својата војска и наоружувањето што го носел, наредил да се направи голема гозба. Се јадело и се пиело три дена и три ноќи. Кога бегот ќе ги прашал гостите дали се задоволни од гозбата тие му одговарале со "''дојурмак''" што значи најадување до наситка. Од тие зборови легендата вели дека произлегло името Дојран.