Совет на Европската Унија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ја заменувам страницата со 'EVROPA E GOLEMA MNOGU I GOLEMA E'
Ред 1:
EVROPA E GOLEMA MNOGU I GOLEMA E
{{Infobox Legislature
| background_color = #003399
| text_color = #FFFFFF
| name = Совет на Европската Унија
| native_name =
| transcription_name =
| legislature =
| coa_pic = Consilium logo.svg
| coa_res = 200px
| coa-pic =
| coa-res =
| house_type = Горен дом
| body =
| leader1_type = [[Претседателство со ЕУ|Претседателство]]
| leader1 = [[Шпанија]]
| party1 =
| election1 = [[1 јануари]] [[2010]]
| leader2_type = [[Генерален секретар на Советот на ЕУ|Генерален секретар ]]
| leader2 = [[Пиер де Боисиеу]]
| party2 =
| election2 = [[1 декември]] [[2009]]
| members = 28 (различни претставници од 28 земји)
| structure1 =
| structure1_res =
| political_groups1 = Нема официјална поделба од страна на политичките партии
| voting_system1 = Неизбрани (застапници од националните влади)
| last_election1 =
| session_room =
| session_res = 200px
| meeting_place = [[Брисел]], [[Белгија]]
| website = [http://www.consilium.europa.eu/ consilium.europa.eu]
| footnotes =
}}
 
{{ЕУ теми}}
 
'''Советот на Европската Унија''' е законодавно тело на [[Европска Унија|Европската Унија]], што ги претставува земјите-членки. Во него членува по еден министер од секоја земја на ЕУ. Советот е главна институција за донесување на одлуки во рамките на ЕУ.<ref>{{цитирана веб страница| url = http://www.consilium.europa.eu/showPage.aspx?id=242&lang=EN | title = The Council of the European Union | accessdate = 2008-05-15| quote = The Council is the main decision-making body of the European Union}}</ref> [[Претседателство со ЕУ|Претседателството со Советот]] ротира на секои шест месеци. Состаноците на Советот се одржуваат во [[Брисел]] ([[Белгија]]), освен во [[април]], [[јуни]] и [[октомври]] кога состаноците се одржуваат во [[Луксембург]].
 
Советот е еден од двата законодавни дома во ЕУ, покрај Европскиот парламент.<ref name="Legislative power"/> Советот е составен од 27 национални министри, по еден од секоја земја.
 
== Општи податоци ==
 
Советот е главното тело што донесува одлуки во [[ЕУ]]. Како и [[Европски Парламент|Европскиот парламент]], Советот e формиран со основачките договори во 1950-тите. Тој ги претставува земјите-членки и на неговите состаноци присуствува по еден министер од секоја од владите на одделните земји на ЕУ. Кој министер ќе присуствува на даден состанок, зависи од темите кои се наоѓаат на дневниот ред.<ref name="Const Info">{{цитирана веб страница|last=|first=|authorlink=|coauthors=|title=The Union's institutions: The Council of Ministers|work=|publisher=[[Europa (web portal)]]|date=|url=http://europa.eu/scadplus/constitution/council_en.htm|doi=|accessdate=2007-07-01}}</ref> Ако, на пример, Советот треба да дискутира на теми од областа на [[животна средина|животната средина]], на состанокот ќе присуствуваат министрите за животна средина од сите земји-членки на ЕУ и состанокот ќе биде познат под името “''Совет за животната средина''”. Со односите на ЕУ со останатиот дел од светот раководи “''Советот за општи работи и надворешни односи''”. Меѓутоа, составот на овој Совет има, исто така, прилично голема одговорност во однос на некои поопшти политички прашања, така што на неговите состаноци присуствуваат разни министри или секретари на држави, според изборот на нивните влади.
 
== Надлежности на советот ==
 
* Да усвојува европски закони. Тој работи заедно со [[Европски парламент|Европскиот парламент]] на законската регулатива во голем број области.
* Да ги координира опсежните европски политики на земјите-членки
* Да склучува меѓународни договори помеѓу ЕУ и една или повеќе земји или меѓународни организации.
* Да го одобрува буџетот на ЕУ заедно со Европскиот парламент.
* Да ја развива Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, заснована врз насоките зацртани од Европскиот совет.
* Да ја координира соработката меѓу судовите и полициските сили на одделните држави, во поглед на криминалните дејствија.
 
== Внатрешна организација на Советот ==
 
=== Корепер ===
 
Во [[Брисел]], секоја земја-членка на ЕУ има постојан тим (“претставништво”) кој го застапува и брани интересот на својата земја на ниво на ЕУ. Шефот на секое претставништво е амбасадор на својата земја во ЕУ. Овие амбасадори (познати под името “''постојани претставници''”) се среќааваат еднаш неделно во [[Комитет на постојани претставници|Комитетот на постојани претставници]] (КОРЕПЕР). Улогата на комитетот е да ја подготви работата на Советот, со исклучок на прашањата од [[земјоделство]]то, кои се во надлежност на [[Специјалen комитет за земјоделство на ЕУ|Специјалниот комитет за земјоделство]].
 
На КОРЕПЕР му помагаат голем број работни групи составени од претставници од администрациите на одделните држави. Претседателството на Советот ротира на секои шест месеци. Со други зборови, секоја земја презема одговорност над агендата на Советот и претседателствува на сите состаноци во период од шест месеци, промовирајќи законска регулатива и политички одлуки и преговарајќи за компромиси помеѓу земјите- членки. Ако, на пример, некоја средба на Советот за животна средина е закажана за втората половина на 2006, со средбата ќе претседава финскиот министер за животна средина, бидејќи тогаш [[Финска]] би била на чело на Претседателството на Советот.
 
=== Генерален секретаријат ===
 
На Претседателството му помага Генералниот секретаријат, кој го подготвува и обезбедува непреченото функционирање на работата на Советот на сите нивоа. Во [[1999]] година, [[Хавиер Солана]] бил назначен за генерален секретар на Советот. Тој е и [[висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика]] и во ова свое својство му помага на Советот да подготвува и спроведува политички одлуки. Покрај тоа, тој се вклучува, во име на Советот, и во политички дијалог со земји што не се членки на [[ЕУ]]. На Генералниот секретар му помага заменик генерален секретар, кој има обврска да раководи со Генералниот секретаријат.
 
== Надворешни врски ==
* [http://ue.eu.int/cms3_fo/index.htm Официјална страница]
* [http://www.europedia.moussis.eu Europedia: Guide to European policies and legislation]
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Совет на Европската Унија]]