Ана де Стал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Мадам де Стал на Ана де Стал
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Madame de Staël.jpg|мини|десно|Мадам де Стал]]
'''Ана-Луиза Жермена, баронеса де Стал-Холштајн''' ({{lang-fr|Anne-Louise Germaine baronne de Staël-Holstein}}), позната како '''Мадам де Стал''' ({{lang-fr|Madame de Staël}}; {{роден на|22|април|1766}} - {{починал на|14|јули|1817}}) — истакната [[Франција|француска]] [[писател]]ка, ќерка на видниот писателкнижевник [[Жак Некер]]. Во [[1810]] година ја напиша книгата - манифест „''За Германија''“, која [[Наполеон]] ја забранил, затоа што авторот се восхитува на германската [[философија]] и [[литература]]. Ја сметаат за основоположник на францускиот [[романтизам]]. Таа е политичар со напредни идеи, пистаелка и теоретичарка на книжевноста, претставува интересна и за периодот во кој живеела доста либерална и конфликтна личност. Нејзините романи се надоврзување на предромантичарските романи. Романот на стравот и ужасот („црниот роман“), и сентименталните романи со клиширани љубовни заплети, мошне омилени кај најшироката читателска публика во тоа време. Нејзиниот бурен живот како да го навестува вкупниот сензибилитет на романтизмот и на [[19XIX век]], „векот кој сакаше да се обраќа во прво лице“, како што велат критичарите за романтизмот. Како теоретичар на литературата („[[Есеј за измисленото]], [[Книжевноста по однос на институциите]] и [[За книжевноста]]“), таа се залага за [[роман]] кој своите ликови би ги довел во поцврста врска со стварноста, а нив би ги направил поуверливи одошто се во сентименталните, љубовни „лимонади“.<ref>Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.17</ref>
 
Во делото „[[За книжевноста]]“ таа jа споредува литературата на западните со литературата на источните народи и доаѓа до заклучок дека тие се разликуваат по вкус и дух. Со тоа и задава смртен удар на класицистичката теорија, која тврдеше дека литературата мора да им се покорува на едни исти закони, без разлика на емстото на настанувањето на делото. Во романите ([[Делфин и Корина]]), таа застапува први феминистички гледишта, со што жестоко го критикува „машкото општество“ во кое за жените нема место освен како сопруги и љубовници. Романите имаат голем успех во тоа време, бидејќи се целосно либерални: се залагаат за уништување на култот на браковите, кои доколку не се среќни стануваат стега која треба да се поднесува цел живот; го критикуваат „машкото општество“ во кое жените не можат да најдат своие место според интелектуалните умствени способности и ја воведуваат подоцна омилената тема кај романтичарите - правилото на [[страст]], како и темата на несреќната и невозвратената љубов која произлегува од тоа кога страста целосно загосподарува со животот на човекот. Поради своите напредни гледишта и за општеството и за книжевноста (давање предност на личноста, индивидуалноста, чуваствата и страста кои ниедно општество не ги сака оти не може да ги контролира), таа голем дел од својот живот ќе помине во [[прогон]]ство, сметана за непријател на [[Наполеон Бонапарта]].<ref>Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.18</ref>