Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Манастир Трескавец на Трескавец презапишувајќи врз пренасочување
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
|слика = treskavec.jpg
}}
'''Манастирот Трескавец''' се наоѓа[[манастир]] наво надморскаобласта височина од 1280 метри[[Пелагонија]], на 10 километри од градот [[Прилеп]]. Се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, меѓу карпите под [[Златоврв]] (1422 м.). Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини [[Баба]], [[Бабуна]] и [[Кајмакчалан]], на рамнината [[Пелагонија]], како и на градовите [[Прилеп]], [[Битола]] и [[Крушево]].
 
За манастирот Трескавец се вели дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во [[Македонија]], затоа што до него може да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми.
Ред 10:
 
==Историјат==
Манастирот Tрескавец е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, посветен на [[Успението на Пресвета Богородица]], изградена во XIII-ти век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV-тиот век бил обновен и даруван од српскиот [[Стефан Урош II Милутин]]. [[Цар Душан]] станал ктитор на манастирот после победата над [[Византија]] во [[1334]] година. Манастирот Трескавец бил изграден во текот на отоманската управа над ова подрачје, во архитектонски стил кој се развил под влијание на византиското градежништво. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, за жал, не се зачувани. Единствен извор кој не упатува за неговото постоење од првата половина на XIII-ти век се Трескавечките повелби на [Цар Душан]], во кои е истакнато дека манастирот бил под јурисдикција на [[Охридската архиепископија]], а во него било практикувано источноправославното монаштво под заштита на византиските владетели. Споменувањето на Душановите претходници, освен во повелбите, е зачувано и во натписот над влезната манастирска врата, каде се насликани фигурите на владетелите Андроник II и Мануил IX. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот [[Стефан Урош II Милутин]], а подоцна царот Душан и неговиот син [[Стефан Урош V]]. Датирањето на манастирот од почетокот на XIII-ти век се поткрепува и врз основа на архитектонската конструкција на црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, која е доградувана во неколку фази.
 
==Преданија==
Ред 96:
Континуитетот на традицијата да се оди на поклонение на манастирот за да се бара застапништво од [[Св. Богородица]] всушност и никогаш не била прекината. За тоа ни сведочат писмените извори од средновековието и од османлискиот период преку кои дознаваме за големото регионално значење кое го имал манастирот како силно култно средиште. Еден од позначјаните извори е и Трескавечкиот кодик од XVI-XVIII век во којшто се запишувани имињата на сите гости и нивните дарови коишто ги оставале не само за време на празниците на [[Богородица]] (Голема и Мала [[Богородица]], Сретение Господово, Благовец), туку и на други празници како на Св. Стефан Првомаченик, на Св. Трифун, на Богојавление, на Св. Атанас, на Крстовден и т.н. Посетителите во Кодикот се означени како гости кои му припаѓале на одреден еснаф или на етничка група, а кои доаѓале од различни места [[Прилеп]], [[Струмица]], [[Охрид]], [[Крушево]], [[Битола]], [[Велес]], [[Кратово]], [[Скопје]], [[Кичево]], [[Полог]], [[Мариово]], [[Тиквеш]], [[Струмичко|Струмица]], [[Кичевско]], [[Дебар]]ско, [[Мала Река]] и [[Горна Река]], [[Меглен]], [[Лерин]]ско, но и од поодалечени места и од соседни земји. Забележан е и податокот дека и нехристијанското население го дарувало манастирот што претставува само уште една потврда за длабочината и за силата на култот на [[Св. Богородица]] во овој предел.
 
За континуитетот на култот ни говорат и патешественичките записи за [[Прилеп]] и [[Прилеп]]ско од XIX-ти век во кои посебно се истакнува тешкото совладување на стрмниот, карпест терен на патот до манастирот. Авторите забележале дека на некои од карпите има вдлабено стапки и скали по кои луѓето можат да се искачуваат. Во врска со нив Ј. Хаџи-Васиљевиќ забележал едно интересно предание, според кое, доколку некој од поклониците во моментот кога се искачувал по стрмните обележани стапки на карпата бил грешен, тогаш каменот започнувал „да се ниша ту на едната страна, ту на другата страна“. Изнесеното предание јасно го потенцира мотивот на проверка и искушение на грешните на патот до светиот центар. Во врска со светиот пат и патувањето до светото место - манастирот Трескавец со црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, интересно е тоа што е одбележан со повеќе свети култни места на кои патниците - поклоници, намерници, гости, божјаци застануваат да се помолат и да запалат свеќа. Поминувањето на овие мали култни светилишта може да се протолкува како прочистување и просветлување на луѓето за да можат подготвени да застанат пред чудотворниот лик на [[Богородица]] од Трескавец. Всушност искачувањето до планинскиот врв [[Златоврв]], под чиешто плато е сместен манастирот, асоцира на настаните кои се случиле на Таворската Гора (Преображението на [[Исус Христос]]) и на Синајската Гора (местото каде Мојсеј се среќава со Бога и кадешто пророкот Илија се подвижува), но и на тешкиот свет пат во освојувањето на врвот Атон на [[Света Гора]], места коишто биле цел на монашките патувања и подвижувања. Идентично на нив и во оклоината на манастирот Трескавец постоеле монашки пештерски испосници - црквички чии остатоци се наоѓаат и денес во масивните карпи како на Златворв, така и по целиот планински венец.
 
==Црква „Успение на Пресвета Богородица“==
Црквата посветена на [[Успението на Пресвета Богородица]] е манастирска црква во манастирот Трескавец.
Таа во основата е еднокорабна, со наос надвишен со купола и разделен со пиластри на неколку краеви. Однадвор олтарната апсида, на исток е тристрана. Под длабокиот слој малтерисани ѕидови од северниот параклис, видливи се фрески што датираат од XIV-ти век. Од овој век е и припратата со двете куполести кули, сместени на западниот дел на црквата. Фрескоживописот во црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]” го сочинуваат фрески од различни временски периоди. Најстари се оние на ѕидовите во просторот на двете кули, од [[1334]] – [[1343]] година, чиј ктитор бил цар Душан. Тие илустрират теми на календар и на светии претставени во полна големина, проследени со стиховите на Христофор Митиленски.
Од средината на XIV-ти век потекнуваат фреските на некогашната фасада на доградениот параклис со ктиторските композиции, на кои е насликан ликот на ктиторот, тепчијата Градислав. Веднаш потоа се насликани и фреските на фасадите од ексонартексот.
Во централниот дел од северозападната купола е насликана претставата на [[Исус Христос]] како цар на небесата, тронот со евангелие на него, лево од него [[Богородица]] царица и десно цар Давид. Околу нив се наоѓа светата војска на небесниот двор од херувими, серафими, архангели и ангели, а меѓу прозорците се претставени осум свети воини кои овде, за разлика од вообичаените кадешто [[Св. Ѓорѓи]] или [[Св. Димитриј]] секогаш сме навикнале да ги гледаме облечени како војници, се претставени како благородници во преубави одежди за тоа време, повторно како дел од небесниот двор.
На западниот sид во горната зона е всадена една мермерна статуа на римски војник во Хитон. Христијаните, кои при градбата не претпоставувале дека е нешто посебно, ја искористиле како градежен материјал. [[Св. Апостол Павле]] во едно од посланијата кон Римјаните се обраќа со зборовите „вашите кипови ќе станат обични камења“, а тука во вистинска смисла на зборот имаме римски кип кој станува обичен камен употребен за градба.
 
За убавината на сегашната црква придонесуваат и мермерните декорации кои се вградени од многу постариот ранохристијански храм. Особено е впечатлива манастирската трпезарија од XIV-ти век со зачувани камени седишта и долги камени трпези во кои се вдлабени посебни места за нозете. Не дека во тоа време не знаеле како се прават дрвени маси, туку луѓето сакале да направат нешто посебно за [[Богородица]], и вложиле огромен труд и пари обработувајќи ги огромните камени блокови, тешки повеќе од два тона. Во трпезаријата има фрески од XVII-ти век и XIX-ти век, под кои се наоѓаат остатоци од фрескоживопис од XIV-ти век.
 
Света [[Богородица]] од Трескавец се до денес ја излева својата чудотворна моќ над секој оној што ќе ја побара нејзината помош. За тоа ни сведочат и поновите етнографски материјали во кои се забележани нејзините исцелителски способности: „Имав чупе немо 17 години. Ни зборуваше, ни слушаше. Бев заедно со него на Трескаец - лежев таму. Ко што лежев ноќта, ми се јави на сон жена и ми вели вака: Стани! Таа, жената Богоројца со дете в раце. Стани - ми вели - ти дури не почниш да баиш - чупево нема да ти прозборува!“ Откако се согласува жената да стане бајачка, по советот на [[Св. Богородица]], се случува чудо и нејзината ќерка прозборува: „Маме, ајде дома да си ојме!“.
 
==ЗначењеЗначењето на Трескавец==
На Трескавец се пронајдени мермерни антички споменици од третиотIII век пред нашата ерап.н.е., посветени на боговите [[Аполон]] и [[Артемида]]. Во црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“ го има најстарото фрескосликарство од XIV-ти век со исклучително уметнички и иконографски вредности, изработено од вештите зографи. Најстариот живопис во храмот, кој се однесува на хронолошкиот приказ на светителите и празниците од православниот календар, датира од [[1334]] до [[1343]] година. До денес се зачувани претстави на шеесетина календарски денови.
 
Во манастирот се зачувани и многу значајни уметнички творби, како дрвена врата во плитка резба, украсена со фигурални и геометриски форми, дело на прочуените резбари од Слепчанската резбарска школа, која со својата тематска и естетска композиција навистина одушевува.
Ред 125:
<center>
<gallery>
Податотека:Трескавец стара.jpg|Манастирот во почетокот на XX-ти век
Податотека:Treskavec Monastery.jpg|Манастирската црква
Податотека:The dormitory of the Treskavec monastery (1).JPG|Конаците во манастирот