Саат-кула (Битола): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Clocktower bitola.jpg|thumb|220px|Битолска саат-кула]]
'''[[Саат-кули во Македонија|Саат-кула]] во Битола''' — времемерно здание во градот [[Битола]] и една од најпознатите негови знаменитости.<ref name="сааткула">{{цитирана книга|last=Димовска - Чоловиќ|first=Мирјана|title=Саат кулите во Република Македонија|publisher=Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија|location=Скопје|date=2008|pages=114|isbn= 978-9989-131-08-0|url=http://www.kalamus.com.mk/pdf_spisanija/patrimonium_3/036%20-%2035%20Spisanie%20Vera%202010.pdf|language=македонски}}</ref>. Не се знае точно кога е изградена, иако постојат пишани извори од [[XVI век]] кои споменуваат саат-кула, но не е утврдено со сигурност дали се работи за истата градба. Многумина веруваат дека е изградена во исто време со црквата „Св. Димитрија Солунски“, поточно во [[1830]] година. Според легендата, кулата е изградена кога [[Отоманска империја|отоманските власти]] во градот, односно [[Турци]]те, поминале по сите околни села и собрале околу 60.000 јајца од коишто направиле малтер. Од смесата измешана со камења ја изградиле кулата чии цврсти ѕидови стојат и денес неоштетени.
 
Кулата има основа во облик на [[квадрат]] и е висока околу 30 метри. На врвот на кулата се наоѓаат тераси со ковани огради, а на сите страни на терасите се наоѓаат конструкции коишто држат светилки со помош на што целата кула и нејзиниот часовник се видливи и ноќе. Часовникот се наоѓа на најгорното од трите нивоа. Првобитниот часовник е заменет за време на [[Втора Светска војна|Втората Светска војна]] со понов и многу попрецизен часовник. Новиот саат го купиле [[Нацистичка Германија|нацистите]] во знак на благодарност на граѓаните за германските гробишта коишто ги подигнале за жртвите од конфликтот во Битола, заедно со англиските и француските гробишта за време на [[Прва Светска војна|Првата Светска војна]].