Биткоин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
"откопување" наместо "рударење". <big> тагови на поглавја.
зборот година во прв пасус
Ред 1:
Биткоин е "peer to peer" систем за плаќање кој се појави во 2009 година како софтвер со отворен код. Дигиталната валута, уште се нарекува и виртуелна валута, електронски пари или крипто-валута поради криптографијата која се користи при создавањето и трансферот. Најчесто кога се користи голема буква во името (Биткоин), се мисли на технологијата и мрежата, додека кога се користи со мала буква (биткоин) се однесува на дигиталната валута. Биткоин системот не е контролиран од ниту еден ентитет, како централна банка, поради што најчесто се нарекува децентрализирана валута.
 
Биткоините се создаваат преку процес кој се нарекува "откопување" - користење на компјутерската моќ во мрежа за верификација и запис на плаќањата јавно онлајн, во размена за провизија при трансакции и новосоздадени биткоини. Корисниците испраќаат и примаат биткоини преку софтверска апликација наречена паричник, која може да се користи на компјутер, мобилен уред или како веб-апликација. Биткоини можат да се стекнат со "откопување", во замена за продукти, сервиси или други валути.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Биткоин