Лондонски договор (1913): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени во текстот (од 217.16.91.76) и вратена ревизијата 2934498 на Addbot
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Midia-enos-map.jpg|thumb|right|400px|Линија на разграничување Мидија-Енос]]
[[Податотека:Guerres balkaniques.jpg|thumb|right|400px|Границите на Балканот во текот на Балканските војни]]
Со '''Лондонскиот мировен договор''', потпишан на [[30 мај]] [[1913]] година, е договор со кој завршила [[Првата балканска војна]] ([[1912]] - [[1913]]),. но порадиПоради незадоволството помеѓу балканските сојузници од распределбата на отстапените територии од страна на [[Отоманска империја|Турција]], набрзо започнала [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]] ([[1913]]).
 
Лондонската конференција започнала на [[16 декември]] [[1912]] година со цел потпишување на договор меѓу [[Балкански сојуз|победничките]] во [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]] и поразената [[Турција]], која со намера да задржи што поголема територија на Балканот, предложила на [[Портал:Македонија|Македонија]] и [[Албанија]] да им се даде автономија под суверенитет на Турција.
 
Албанија на [[28 декември]] [[1912]] е призната за независна држава, а предлогот за независност на Македонија не е прифатен. [[Србија]] и [[Грција]] уште пред војната тајно се договориле дека нема да дозволат создавање на самостојна Македонија, ниту постоење на бугарско-албанска граница меѓу државните граници на Србија и Грција. И [[Бугарија]] го обила турскиот предлог за создавање на автономна Македонија.
 
Бугарија и Грција ги заостриле односите уште во почетокот на [[Првата балканска војна]], особено откако грчката војска го [[Окупацијата на Солун во Првата балканска војна|зазела Солун]]. Грција во нотите од 3 и [[18 ноември]] [[1912]] година и од [[22 април]] [[1913]] година, предлагала да се реши прашањето на границата. Бугарија ги отфрлила предлозите како претерани, но не дала свои противпредлози. Со потпишувањето на Лондонскиот мир на [[30 мај]] [[1913]] година со [[Турција]], односите меѓу балканските држави уште повеќе се заостриле.
 
Со потпишувањето на Лондонскиот мир на [[30 мај]] [[1913]] година со [[Турција]], односите меѓу балканските држави уште повеќе се заостриле. Во тоа време, сојузниците ги окупирале оние територии што ги зазеле во војната против Турција. Меѓу Србија и Бугарија уште во време на војната била создадена привремена [[демаркациона линија]]: [[Патарица]]-[[Руен]]-сртот на [[Осоговските Планини]]-[[Злетовска река]]-[[Брегалница]], до сливот на [[Крива Лакавица]]-сртот [[Плавуш]] -[[Дојранско Езеро]]. На таа линија започнало префрлувањето на бугарската војска од [[Тракија]] и истовремена концентрација на силите кон Грција.
 
Тоа било причина на [[1 јуни]] [[1913]] година Србија и Грција да склучат договор за пријателство и одбранбен сојуз против Бугарија. Покрај тоа, Србија добила право на слободно користење на пристаништето во Солун во траење од 50 години. Истиот ден била потпишана и [[Воена конвенција|Воената конвенција]], во која биле регулирани меѓусебните воени обврски и соработката меѓу Србија и Грција во случај на напад од Бугарија или на некоја друга држава.
 
По тие настани, големите сили, со оглед на сопствените интереси кон Балканот, развиле широка дипломатска активност. [[Руска империја|Русија]] настојувала да го зачува [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]] како пречка на австро-германското продирање на [[Балкан]]от, а [[Австро-Унгарија]] тежнеела да се разбие овој сојуз и ја поддржувала Бугарија да не попушта во своите барања.
 
За да го спречи избувнувањето на нова, меѓусојузничка војна, Русија ги повикала сојузниците да го решат спорот по мирен пат и ги предупредила Србија и Бугарија на руската [[арбитража]] предвидена со [[Српско-бугарска спогодба|Српско-бугарскиот договор]]. На рускиот апел двете страни одговориле условно: српската влада дека ја прифаќа арбитражата на Русија, доколку се прифати нејзиното барање за ревизија на договорот, а бугарската влада арбитражата ја прифаќала доколку се почитува договорот, односно воспоставената поделба на територијата. Со оглед на тоа дека двете влади не отстапувале од своите барања, Русија се откажала од натамошна арбитража. Со тоа го забрзала почетокот на [[Втората балканска војна]], новата поделба на [[Македонија]] и воспоставување нови граници по пат на сила.