Атила Јожеф: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
Син е на Арон Јожеф, полуромански работник во фабрика за сапуни и унгарската селанка Барбара Пошче и роден е во населбата [[Ференцварош]] во [[Будимпешта]]. Има две постари сестри: Ета и Јолан. Неговиот татко го напушта семејството кога Јожеф има само три години. Живеат во огромна сиромаштија: мајка му одвај може да ги издржува трите деца и да плати ќирија за малиот стан. така Јожеф е посовоен од семејство во [[Очгод]], каде работи на фарма. Условите на фармата биле толку лоши, што Атила избегал и се вратил кај својата мајка во [[Будимпешта]].
 
Мајка му умира во [[1919]] г., на возраст од само 43 години. По ова, за него се грижи Одон Макај, неговиот зет, кој е доста богат и може да му го плати школувањето во сосема солидно средно училиште. Атила аплицира и на Универзитетот во Сегедин - сонот му е да стане професор во средно училиште - но набрзо е исфрлен оттаму поради една своја провокативна поема.
 
Од овој момент понатаму, се обидува да се издржува со малкуте пари кои ги заработува преку издавањето на своите песни. Почнува да покажува и знаци на [[шизофренија]], поради што мора да оди и на психијатар. Никогаш не се венча и има неколку кратки врски, а најчесто се заљубува во жените кои му помагаат.
 
На [[3 декември]] [[1937]] г., додека престојува на куќата на неговиот зет и неговата сестра, се фрла под тркалата на еден товарен воз. Умира на возраст од 32 години. Постои споменик посветен на него недалеку од местото каде се самоубива.
 
== Поезија ==
Ред 27:
Атила Јожеф е меѓународно најпознатиот модерен [[Унгарија|унгарски]] [[поет]]. Неговите песни се преведени на многу јазици, а неговиот живот и дело се изучуваат во многу земји. Сметан од [[комунизам|комунистичката власт]] во Унгарија за "голем [[пролетеријат|пролетерски]] поет", неговиот тажен живот и незаборавните љубовни стихови (дел од кои се посветени на неговата мајка) ќе изградат култ од неговата личност.
 
Својата прва стихозбирка ''A szépség koldusa'' (''Питачот на убавината'') ја објавува во [[1922]] годинаг.; тогаш Атила има 17 години и сѐуште оди на училиште. Јожеф учи приватно една година, а пoтоа и во [[Сегедин]], каде студира [[Унгарска литература|унгарска]] и [[француска литература]]. Со помошта на својот мецена, [[Лајош Хатвани]], се здобива со солидно образование во [[Австрија]] ([[1925]]) и [[Париз]] ([[1926]]-[[1927|27]]), каде ја открива поезијата на [[Франсоа Вијон]], познатиот поет-боем од петнаесеттиот век.
 
Во [[1925]] г. Јожеф ја издава својата втора стихозбирка, ''Nem én kiáltok'' (''Не сум јас тој што вриска''). Избркан е од факултетот поради својата револуционерна песна, ''Tiszta szívvel''. Со своите ракописи патува во [[Виена]], каде преживува продавајќи весници и чистејќи хотелски соби, а потоа во [[Париз]], каде студира на [[Сорбона]]. Во овој период ги чита [[Хегел]] и [[Карл Маркс]], чиј револуционерен повик особено ќе го привлече.
 
Во [[1927]] г. неколку француски списанија ги објавуваат песните на Јожеф.
 
Неговата трета збирка поезија, ''Nincsen apám se anyám'' ([[1929]]), го покажува влијанието на француските [[надреализам|надреалисти]], како и на големите унгарски поети [[Ендре Ади]], [[Ѓула Јухас]] и [[Лајош Кашак]]. Следната година Јожеф станува дел од илегалната [[Комунизам|унгарска комунистичка партија]].
 
''Külvárosi éj'', неговата следна стихозбирка излегува од печат во [[1932]] годинаг. Неговата најпозната љубовна поема, ''Óda'' (''[[Ода (песна на Атила Јожеф)|Ода]]''), која потекнува од [[1933]] годинаг., го зема читателот на патувањето околу и низ телото на неговата љубена. Последните две книги на Јожеф се ''Medvetánc'' ([[1934]]) и ''Nagyon fáj'' ([[1936]]). Тука, Атила Јожеф достигнува една од врвните точки на својата поезија: поетската игра е совршена, мелодијата му служи само на текстот, малку се споредбите, атрибутите и сликите. Со овие книги тој привлекува големо внимание меѓу светските литературни критичари.
 
Посмртно, од страна на неколку француски поети ([[Пол Елијар|Елијар]], [[Луј Арагон|Арагон]] и други), кандидиран е за [[Нобелова награда|Нобеловата награда]]. <ref> Паскал Гилевски, ''Антологија на унгарската поезија'', Матица Македонска, Скопје, 2005.</ref>
Ред 74:
{{УнгарскиПоети}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Јожеф, Атила}}
[[Категорија:Унгарски поети]]
[[Категорија:Унгарски писатели]]