Сумер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 87 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q35355 (translate me)
Промените што се надополнети се од учебник по Историја од авторот Симо Младеновски.
Ред 5:
 
Првите големи градови ги изградиле [[Сумер]]ите во западниот дел на [[месопотамија]], што на грчки значи „земја меѓу реки“: се работи за една мошне плодна долина создадена со напластување на наносите што ги носеле реките [[Тигар]] и [[Еуфрат]]. Сумерите создале многу градови - држави. Во нив управувал [[владетел]] - свештеник, кој претставувал овоплотување на богот-заштитник, секоја држава имала свој владетел кој се сметал за вистински господар и владетел кому земјоделското население морало да му дава дел од жетватa. Почеста што му се укажувала на богот била ограничена на храмот околу ко се одвивал општествениот и економскиот живот: изградена среде населеното место, кулата на храмот ([[зигурат]]от) доминирала над градот и околната територија. Потребата да се забележи со знаци количеството на родот и делот што му припаѓа на богот , довела до создавање писмо; првите записи се однесуваат на количеството просо принесено во храмот, кое се сметало на глинени таблички и тие претставуваат најстари записи во светот. Религијата и писмото на сумерите биле прифатени и приспособени од Акадите кои, околу 2500 година п.н.е., се населиле на север. Мирниот соживот (а можеби и мешањето) меѓу двата народа во еден миг бил нарушен и [[Акад]]ите воспоставиле превласт, создале голема империја која се одржала околу два века. Сумерските градови добиле извесна автономија и во следниот период ќе живеат раскошно под власта на третата династија [[Ур]].
 
Главно занимање на Сумерците било земјоделството и сточарството. Живееле во колиби изградени од глина и трска. Граделе Иригациони системи, насипи и вештачки езера и рано ја усвоиле употребата на бакарот. Во втората половина на IV милениум пред н.е. веќе не ги убивале заробениците, се појавило ропството, првата писменост со таканареченото Клинесто писмо и се создала богата племенска аристократија. Кон преминот во III милениум пред н.е настанале и повеќе мали држави, кога биле изградени и царските гробници во околината на градот-држава Ур. Семејствата и селските општини значително се разликувале по своето богатство, а аристократијата располагала и до 300 хектари земја, која ја обработувале робовите и подоцна слободните зависни домашни селани.
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сумер