Палацо Медичи Рикарди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 9:
Големиот ренесансен архитект Брунелески ги темелел своите методи на римските архитектонски поимувања, и преку тоа извршил влијание врз Микелоцо. Отворениот двор со колонади во средината на палатата се инспирирани од [[конак|манастирските конаци]] што водат потекло од римските [[перистил]]ови. Во текот на XVI век е заѕидана тогашната аголна лоџија и дуќаните. Се смета дека на нивно место [[Микеланџело]] ги ставил т.н. „клекнати прозорци“ (''finestre inginocchiati'') со иновативните окапници со завои врамени во [[фронтон]]изирани едикули, изработени во стилот на главната порта.
 
[[Податотека:Palazzo medici riccardi finestre inginocchiate.JPG|мини|леводесно|300п250п|„Клекнатите прозорци“ на палатата]]
 
Палатата Медичи Рикарди е една од многуте палати изградени во просперитетот на Фиренца. Иако зданието очигледно претставувало витрина за насобраните богатства на семејството Медичи, стилот е сепак е воздржан. Во 1459 петнаесетгодишниот [[Галеацо Марија Сфорца]] гостувал во палатата, и во едно писмо ја опишал недовршената палата, кадешто целата негова свита била сместена <ref>„...со такви почести што дури и најмалку важниот гостин има сместување достојно за цар“ - по искажувањето на Николо де Карисими во писмо што го наведува Хетфилд (Hatfield 1970:232).</ref> мошне благородно:
Ред 17:
<blockquote>„украсени на сите страни со злато и разни фини мермери, резби и скулптури во релјеф, па дури и подот и клупите имаат слики во [[интарзија]] со перспектива изработени од најдобрите мајстори; таписерии и украси од злати и свила; сребрени садови и полици со книги на кои им нема крај... градината пак, е поплочена со најдобар измазнет мермер и најразлични растенија, и сето ова како да е насликано, а не вистинско.“<ref>Hatfield 1970:233.</ref> </blockquote>
 
[[Податотека:Palazzo Medici courtyard Apr 2008 (10)-Palazzo Medici courtyard Apr 2008 (9).jpg|мини|десно|300п250п|Внатрешниот двор на палатата]]
[[Податотека:Cappella_dei_magi,_giovanni_viii_paleologo.jpg|лево|мини|десно|250п|[[Јован VIII Палеолог]] на фреска во капелата Трите свети крала - дело на [[Беноцо Гоцоли]].]]
 
Козимо го дочекал младиот Сфорца во капелата која била „не помалку украсена и убава од остатокот од куќата“. Единствениот зачуван дел од палатата што датира од XV век е Капелата на Трите Свети крала живописана од [[Беноцо Гоцоли]] (1461) богата со анегдоти и ликови така убедливо претставени, што веќе долго време се смета дека се портрети на членовите на семејството Медичи, заедно со царевите [[Јован VIII Палеолог]] и [[Жигмунд (цар на Светата Римска империја)|Жигмунд Луксембуршки]] како парадираат низ [[Тоскана]] преправени како [[Трите Свети крала]].<ref>Кристина Ачидини Лукинат ја отфрла оваа дамнешна легенда во нејзиниот есеј ''The Chapel of the Magi. Benozzo Gozzoli's Frescoes in the Palazzo Medici Riccardi Florence'' (London: Thames & hudson) 1994.</ref>
Ред 28:
 
== Надворешни врски ==
{{рврвр|Palazzo Medici-Riccardi}}
* [http://www.palazzo-medici.it/ Палацо Медичи Рикарди] – официјална страница {{it}} {{en}}