Јозеф Хајдн: Разлика помеѓу преработките

Одземени 18 бајти ,  пред 8 години
с
сНема опис на уредувањето
 
== Творештво ==
=== Симфонии на Хајдн == =
Развојниот пат на Хајдн како симфоничар бил долг и трперлив. Со тек на време бројот на симфомии што ги напишал е се помало, а значењето е се поголемо. 60–тите години на 18 век, тој напишал околу 40 симфонии, 70–тите, околу 30 симфонии, 80–тите околу 20 симфонии, а во 1790 – 1795 год. последните 12 симфонии. Неговите први симфонии се слични на дивертимента, каде сонатната форма не е јасно изразена, бидејќИ нема втора главна тема, ниту пак развоен дел.
Во 80–тите год. на стануваат т.н. “четврти париски симфонии” кои се претходници на неговите најзрели дела наречени “лондонси симфонии“. Заедно со најзрелите симфонии на Моцарт “лондонските симф.” на Хајдн се врв на Европската симфониска музика од 18 век. Во нив е утврден класично симфонискиот стил и сонатната форма, а од друга срана пак тука Хајдн обично се служи со богатството на музичкиот фолклор, посебно хрватскиот. Тие симфонии се жив пример на неговиот голем оптимизам и хуманост. Што се однесува до оркестарот, тој е речиси целосно развиен со флети, обои, фаготи, хорни, труби, гудачи, тимпани и разновидни други ударалки. Во развојниот дел често учествувале сите инструменти, а музичкото дејствие преоѓа од една оркестарска група на друга. Скоро сите сите лондонски симфонии, а и некои претходни почнуваат со увод во бавно темпо кој често е тематски поврзан со градбата на првиот став. Моцартовото влијание е нагласено во се поголемата кантабилност И во емоционалната продлабоченост во бавните ставови. Карактеристичен е фактот дека последните ставови носат богата примена на полифони постапки, а менуетите по својот карактер се повеќе се приближуваат кон скерцото,па се поблиску и до Бетовеновите скерца.
Многу негови симфонии имаат наслови кои повеќето не потекнуваат од композиторот, туку од љубителите така на пример покрај лондонските симфонии се среќаваат насловите: симфонија - часовник, војничка симфонија, симфонија со удар во тимпан и симфонијата со тремоло во тимпан. Во инструменталното творештво на Хајдн се истакнуваат неговите 52 сонати за пијано, неколку успешни пијано – триа, а од концертната литература често изведуваниот концерт за виолина и оркестар во Д- дур.
 
Во неговите вокални дела постојат опери, соло – песни, црковни творби и ораториуми. Неговото најзначајно оперско дело е комичната опера Апотекар во која се обработува често користената тема на комичната опера од тоа време т.е. критика на скржавоста и лакомоста. Најзначајните вокални дела се ораториумите “Создавањето на светот” и Годишните времиња” , настанати под влијание на ораториумите на [[ХенделХендл]] кој Хајдн ги слушнал во Лондон. Во ораториумите на Хајдн е присутна големата љубов кон светот и човекот. Тоа се вистинки химни кон светот на природата и човекот, а големиот мајстор на оркестарот И преку инструментите успева да го поддржи она за што говори текстот на самите дела. Триделниот ораториум „создавање на светот” го изнесува библиското прикажување на постанокот на земјата и луѓето, додека ораториумот „Годишни времиња” содржи опис на селскиот живот со сите промени, кои ги носи со себе смената на годишните времиња. Тоа е тема која пред него во концертната форма ја обработува [[Вивалди]], а во ораториумската форма [[Георг Фридрих Телеман]]. Во неговите најуспешни црковни форми припаѓаат 12 миси, од кои 6–те последни се свечени миси за солисти, хор и оркестар. Придонесот на Хајдн кон историјата на музиката е значаен и преголем. Како голем уметник на симфиниите и гудачките квартети, како усовршувањето на новиот инструментален јазик и втемелувач на модерниот оркестар, Хајдн ги проткајувал делата со оптимизам, радост и хумор. Во тој поглед е поучен фрагментот од едно негово писмо кое вели:
„Честопати сум се борел со секакви тешкотии, често пати се губела силата на мојот дух и тело и ми било навистина тешко да издржам на патот на којшто сум тргнал, но тогаш некое скришно чувство ми шепнало – на земјата има толку малку весели и задоволни луѓе, нив на сите страин ги прогонуваат грижи и можеби твојата работа некогаш ќе стане извор од кои тие луѓе оптоварени со грижи ќе црпат мир и утеха. Во тие моменти таквите мисли биле силен поттик за моите идни настојувања.“