Сариса: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 29 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q271113 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
[[Податотека:24-ft-sarissa.jpg|thumb|right|250px|Војници ракуваат долги сариси ]]
[[Податотека:legion-macedonians.jpg|thumb|right|250px|[[Македонска фаланга]] во битка]]
'''Сариса''' било [[копје]] со две острици на обата краја, со должина од 3 до 7 метри, кое го користела [[македонска фаланга|македонската фаланга]]. Ова оружје било исклучително тешко како за копје, со тежина од преку 5 кг. Острицата му била кратка, железна и во облик на лист. Копјето имало и бронзен „чевел“ на другиот крај, со помош на кој се прицврстувало на земјата против непријателски јуриш. Неговата огромна должина била голема преднст над [[хоплит]]ите и други војници со помали оружја, бидејќи непријателот морал да ја помине сарисата за да може да дојде до самиот војник. Меѓутоа сарисата била бескорисна доколку војниците не биле распоредени во густи редови, и истата сигурно би била проблем при марширање. Затоа сарисата била изработена од две половини кои се спојувале со метален ремен пред самата битка. Ова на фалангата {{Уникод|ѝ}} овозможувало нормална подвижност.
 
Во густа формација, фалангата правела „ѕид од копја“, каде копјата биле доволно долги за да сочинуваат пет реда копја пред првиот ред војници—Дури и ако непријателот успеал да го пробие првиот ред копја, го чекале уште четири такви. Задните редови ги држеле копјата косо во воздух заради спремност за напад и одбрана од копја. Македонската фаланга била неранлива од напред за секој вид војска освен иста таква фаланга; единствениот друг начин да се победи бил да {{Уникод|ѝ}} се разбие формацијата и истата да се закрили.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сариса